Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.07.2022

Совети како да се заштитите од топлотен бран

Секоја година високите температури штетат на здравјето на многу луѓе, особено на повозрасните. Tоплотниот бран може да предизвика исцрпеност, срцев удар или конфузија и може да ги влоши постоечките состојби како што се кардиоваскуларните и респираторните заболувања.

Екстремно високите температури имаат широко распространето влијание врз здравјето на луѓето, земјоделството, екосистемите и инфраструктурата. Тие предизвикуваат и разорни шумски пожари, како оној што избувна во нашата земија во Берово и во Грција пред само неколку дена.

Претставници на Светската метеоролошка организација соопштија дека е забележано невообичаено покачување на температурите кои достигнале и повеќе од 30 степени во Норвешка и други делови од северна Европа, предизвикувајќи сушење и шумски пожари. Според нив се очекува зголемување на топлотните бранови. Сепак треба да се знае дека нивното влијание врз здравјето во голема мера може да се спречи или ублажи.

Општи совети кои треба да се применуваат за време на топлотен бран
Според Светската здравствена организација пожелно е следното:

  • Следете ги препораките на вашите локални здравствени органи.
  • Одржувајте го вашиот дом разладен со редовно проверување на температурата. Идеална температура, треба да се биде под 32°C во текот на денот и 24°C навечер.
  • Затворете ги прозорците преку ден и спуште те ги ролетните. Отворајте ги прозорците само навечер и рано наутро.
  • Престојувајте во најладната просторија во вашата куќа, особено ноќе. Избегнувајте излегување во најтоплиот период од денот.
  • Доколку можете, избегнувајте напорна физичка активност.
  • Останете во сенка.
  • Не оставајте деца или животни во паркирани возила.
  • Одржувајте го вашето тело ладно и хидрирано. Правете ладни тушеви или бањи. Носете лесна, широка облека изработена од природни памучни материјали. Носете капа или шешир со широк обод и очила за сонце. Користете лесни постелнини и чаршафи, без перници, за да избегнете акумулација на топлина. Пијте течности редовно, но избегнувајте алкохол и премногу кофеин и шеќер. Не се прејадувајте, јадете помали оброци и почесто. Избегнувајте храна која е богата со протеини.
  • Доколку примате лекови, консултирајте се со вашиот лекар како тие лекови можат да влијаат на терморегулацијата и балансот на течности.
  • Чувајте ги лековите на температура под 25°C или во фрижидер (прочитајте ги упатствата за чување на пакувањето).
  • Секогаш бидете во контакт со вашиот лекар доколку имате хронична здравствена состојба или земате комбнирана терапија од повеќе лекови.
  • Доколку вие (или другите лица околу вас) се чувствувате лошо, имате вртоглавица, слабост, вознемиреност, интензивна жед или главоболка, побарајте помош. Одберете поладни места што е можно поскоро и измерете ја температурата на вашето тело. Пијте вода или овошен сок за да се хидрирате. Веднаш одморете се на ладно место ако имате болни мускулни грчеви; пијте орални раствори за хидратација кои содржат електролити; и побарајте помош ако топлотните грчеви траат повеќе од еден час.
  • Посетете го вашиот лекар ако почувствувате невообичаени симптоми или ако симптомите продолжат.
  • Ако некој има топла сува кожа, делириум/блада, има напади и/или е во несвест, веднаш контактирајте лекар или викнете брза помош.