Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.06.2021

Срцеви заболувања – кои се ризик факторите и како да ги превенирате?


Постојат голем број најразлични проблеми поврзани со срцето и крвните садови. Но, во овој текст ќе ги разгледаме ризик факторите и како да ги превенирате срцевите заболувања пред тие да станат животозагрозувачки.

Најпрво да објасниме што претставува Коронарната срцева болест (КСБ). Таа е всушност стеснување на малите крвни садови кои го снабдуваат срцето со крв и кислород. КСБ се нарекува и коронарна артериска болест. Оваа болест може да произлезе од комбинација на ризик факторите кои доведуваат до зголемување на можноста да развиете одредена состојба или срцево заболување.

Некои ризик фактори, предизвикувачи на срцеви заболувања, може да ги избегнете, но постојат и такви ризик фактори врз кои не можете да влијаете и да ги промените. Затоа од клучно значење е оние првите, да ги ставите под свое т.е да ги контролирате, а тоа ќе ви помогне да живеете подолг и поздрав живот.

Ризик фактори кои се непроменливи:

  • Вашата возраст. Ризикот од срцеви заболувања се зголемува со возраста.
  • Вашиот пол. Мажите се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања отколку жените кои сè уште имаат редовен циклус. По менопаузата, ризикот кај жените се приближува до ризикот кај мажите.
  • Вашите гени или раса. Ако вашите родители имале срцеви заболувања, имате поголем ризик.
  • Афроамериканците, мексиканците, американските домородци, Хавајците и некои американски азиски раси исто така се изложени на поголем ризик од срцеви проблеми.

Фактори на ризик на кои МОЖЕТЕ и треба да влијаете

  • Откажете се од цигарите доколку сте пушачи.
  • Вежбајте најмалку 30 минути на ден.
  • Контролирајте го холестеролот преку исхрана, физичка активност и лекови.
  • Контролирајте го високиот крвен притисок преку исхрана, физичка активност и лекови, доколку е потребно.
  • Контролирајте го дијабетесот преку исхрана, вежбање и лекови, доколку е потребно.
  • Одржувајте здрава тежина јадејќи здрава храна, помали количини и приклучувајќи се на програми за слабеење доколку треба да изгубите тежина.
  • Применувајте здрави начини за справување со стресот како медитација или јога.
  • Не консумирајте алкохол повеќе од 1 чаша на ден за жени и 2 чаши за мажи.

Добрата исхрана е важна за здравјето на вашето срце и ќе ви помогне да ги контролирате некои од факторите на ризик:

  • Хранете се со оброци богати со овошје, зеленчук и цели зрна.
  • Изберете посни протеини, како што се пилешко месо, риба, грав и мешунки.
  • Изберете млечни производи со малку маснотии, како што се обезмастено млеко со 1% масленост, како и други производи со ниска масленост.
  • Избегнувајте натриум (сол) и масти кои се наоѓаат во пржената храна, преработената храна и пецивата.
  • Јадете помалку производи од животинско потекло како млечни намази или јајца.
  • Прочитајте ги етикетите и држете се подалеку од „заситените масти“ и секоја храна што содржи „делумно хидрогенизирани“ или „хидрогенизирани“ масти. Овие производи се обично натоварени со нездрави масти.

Следете ги овие упатства, советувајте се редовно со вашиот доктор и не ги избегнувајте превентивните прегледи на вашето срце (барем еднаш во годината). Така ќе ги намалите шансите за развој на срцеви заболувања.