Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

05.11.2021

Тестикуларна протеза (имплант)

Иако при споменување на зборот протеза првата асоцијација е поврзана со изгубен екстремитет или корекција на заби, сепак важно е да се знае дека постојат огромен број на различни видови протези. Една од нив е и тестикуларниот имплант.

Детали за тестикуларен имплант

Тестикуларна протеза е вештачки имплант кој се става во празен скротум. Имплантот може да се користи кај мажи кои се родени без тестис или оние кои изгубиле тестис поради повреда или болест. Целта на имплантот е да го подобри изгледот и да ги смири психолошките стравови. Оваа протеза не функционира како вистински тестис.

Најчесто барањата за протеза на тестисите доаѓаат од мажи кои се родени со тестис и подоцна го изгубиле.
Протезите на тестисите се во употреба од 1940-тите. Во минатото, тие биле направени од различни материјали. Сега, тие главно се направени од силиконска гума и се полни или со силиконски гел или со физиолошки раствор (солена вода). Тестикуларната протеза ќе има тежина, форма и чувство слично на нормалниот тестис. Достапна е и во различни големини за да може добро да се совпадне со постоечкиот тестис.

Кои состојби или настани може да резултираат со губење тестис?

Постојат неколку причини поради кои некому можеби му недостасува тестис.

  • Тестисот е малформиран или исчезнат при раѓање.
  • Отстранет хируршки поради повреда, како што е тешка торзија (извртување).
  • Неуспешно спуштен во скротумот.
  • Тестисот бил отстранет поради инфекција.
  • Тестисот бил отстранет како дел од третман на рак на тестисите.
  • Тестикуларната протеза може да биде и дел од операцијата за промена на полот од жена во маж.

Која е процедурата за имплантација на тестикуларна протеза?

Кога ќе одлучите да ја направите оваа процедура, важно е да биде изведена од хирург кој е специјализиран за имплантација на протеза на тестисите.
Клучно е да разговарајте со хирургот за сите ваши прашања и дознајте ги сите детали од процедурата претходно.

Општо земено, постапката за имплантација вклучува:

  • Поставување на пациентот под општа (цело тело) или локална анестезија (лек за блокирање на болката) што ќе спречи чувство на болка во долниот дел од телото за време на процедурата.
  • Правење засек во долниот дел на препоните или горниот скротум.
  • Создавање торбичка за протезата.
  • Шиење или на друг начин фиксирање на имплантот на место во правилна положба.
  • Затворање на засекот со конци.


Оваа процедура обично се изведува како рутинска операција со еден ден болничко лекување. Истата во нашата клиника се изведува од стручен тим предводен од д-р Горан Јовиќ