Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

22.10.2015

Торакална ендоваскуларна аортна замена- ТЕВАР процедура

Торакална ендоваскуларна аортна замена- ТЕВАР процедура- современ и безбеден начин на лекување на аортните аневризми

Постоењето на аневризми (проширувања) на градната аорта е медицинска состојба које се одликува со зголемен ризик за пациентот од нагла руптура (прскање ) на крвниот сад, која најчесто фатално завршува без можност за интервенција поради нагло крварење.

Од друга страна оперативните лекувања на аневризмите (проширувањата) на градната аорта се едни од најпредизвикувачките операции во секој модерен кардиоваскуларен центар, при што ризикот од компликации е голем, дури и во развиените центри со висок волумен (број) за вакви операции.Во светот десетина година при состојби како овие се применуваат ЕВАР процедури, кои се состојат во вградување на аортна протеза (цевка од синетски материјал) на местото на аневризмата. Оваа постапка е значајно побрза и помалку трауматична за пациентот. Истата е проследена со значително помалку постинтервентни компликации во однос на отворената класична аортна хирургија.

Во „Филип Втори“ продолжува светскиот тренд на модерно лекување на градната аорта по ендоваскуларен пат. Пред еден месец беше третиран пациентот Љ. Т со успешен епилог, кој има нормален постинтервентен тек и живот.На 02 и 03.10.2015 без извршени две комплицирани интервенции, ТЕВАР процедури.Пациентот П.Ф стар 65 години, со претходна итна операција од типот на замена на почетниот дел на аоратата и аортокоронарен бајпас, пристапи кон лекување на аневризмата на градната аорта. Интервенцијата траеше околу еден час, а пациентот е разбуден во ангиографска сала и преместен на оддделението за полуинтензивна нега без било какви компликации истиот ден по интервенцијата.

На ден 03.10.2015 година, беше лекуван П.А, стар 34 години, од посттрауматска аневризма на градната аорта, стекната неколку години како последица од тешка сообракајна несреќа. За помалку од еден час, со имплантација на една протеза, интервенцијата беше завршена. Тимот го предводеше Академик д-р Митрев. Сл 4Овие два случаеви само ја покажува важноста на применувањето на модерните медицински технологии, кои иако се поврзани со повисоки финансии од страна на ФЗО, даваат далеку подобри резултати кај пациентите.Со ова е започната нова ера во лекувањето на торакалните аневризми, и нова перспектива за пациентите со овие тешки и сериозни заболувања.