Треска и висока температура кај децата - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

09.09.2020

Треска и висока температура кај децата

Што е треска?

Треска е температура повисока од 38 ° C. Обично тоа е знак на инфекција.

Треска и висока температура кај новороденчиња и доенчиња се знак за сериозна состојба. Затоа треба веднаш да се однесат на преглед кај лекар.

Повеќето случаи на треска кај децата не бара лекарска помош.

Децата со висока температура треба да бидат добро хидрирани и да им се даваат лекарства против температура или болка доколку имаат.

Нормален опсег на температура за деца е 36,5 ° C-38 ° C. Треска е кога телесната температура на  детето е повисока од 38 ° C.

Треска не е болест само по себе, но е знак на болест.

Причини за треска и висока температура кај деца

Децата добиваат треска од повеќе причини.

Инфекциите се една од најчестите причини за треска кај децата. Општо, треската е знак дека телото на вашето дете се бори против инфекција.

Повеќето детски инфекции се предизвикани од вируси. Други инфекции може да бидат предизвикани од бактерии. Инфекции кои можат да предизвикаат треска вклучуваат:

-гастроентеритис

-обични настинки, грип и други инфекции на горниот респираторен тракт

-болести како ситни сипаници, овчи сипаници и заушки

-инфекции на уво и грло како и инфекција на средното уво и тонзилитис

-инфекции на уринарниот тракт

-пневмонија

-менингитис.

Постојат и други поретки причини за треска. Овие вклучуваат алергиски реакции на лекови или вакцини, хронично воспаление на зглобовите, некои тумори и гастроинтестинални заболувања како што е Кронова болест.

Симптоми на треска

Треска или висока температура може да се појави полека и постепено да порасне за неколку дена, или може да порасне многу брзо. Исто така, може да се крева и да се намалува во тек  на денот. Овие работи обично немаат никаква врска со болеста што предизвикува треска.

Високата температура може да направи детето  да се чувствува непријатно. Детето може да има треска или да се тресе кога температурата се зголемува и може да се поти кога температурата се намалува. Понекогаш детето може да стане лесно дехидрирано ако изгуби многу течност од треската и потењето, а не пие доволно течности.

Децата на возраст помеѓу шест месеци и шест години може да имаат фебрилни конвулзии.

Повеќето трески и болестите што ги предизвикуваат, траат само неколку дена. Но, понекогаш треската може да трае многу подолго, особено ако тоа е знак на основна болест или хронично заболување.

Ако родителот мисли дека неговото дете има треска, треба да се измери  температурата на  детето со термометар, кој  ќе покаже дали температурата на детето е повисока од нормалната.

Кога да се посети матичниот лекар за треска и висока температура

Бебињата на возраст под три месеци со треска треба веднаш да бидат однесени на болничко лекување. Ова е затоа што е потешко да се каже дали тие имаат сериозно основно заболување.

Кај деца на возраст од 3-12 месеци, треската може да биде знак на позначајна болест, затоа детето треба да се однесе кај матичен лекар во тек  на истиот ден.

Деца на возраст над 12 месеци, треба веднаш да се однесат на болничко лекување ако имаат висока температура и следните знаци:

-изгледа поболно од порано – на пример, детето е пребледнето, летаргично и малаксано

-има проблеми со дишењето

-станува поспано или неодговара на дразби

-се чини дехидрирано, одбива да пие или поретко мокри

-се жали на вкочанет врат, има постојана главоболка или му смета светлина на очите

-постојано повраќа или има чести столици

-не се подобрува за 48 часа

-страда од болка или постојано плаче

– предизвикува загриженост кај родителот.

Родителот го познава своето дете најдобро, затоа треба да им верува на своите инстинкти ако детето   не изгледа добро или покажува знаци на сериозна болест која бара итна медицинска помош.

Третман на треска

Треската само по себе е ретко штетна. Општо, децата добро се справуваат со треска. Треба да третира треска само ако тоа го прави детето да се чувствува лошо. Треската има  својот тек без оглед на третманот.

Ако  детето има треска, најважно е родителот да бидете сигурен  дека детето пие доволно течности, за да избегне дехидрираност:

-Ако доенчето е помало од 6 месеци и е на исхрана со доење, треба да се дадат дополнителни подои

Ако доенчето е помало од 6 месеци и е на адаптирана млечна фoрмула, се понудува вообичаената  количина на формула.

Ако доенчето е постаро од шест месеци, се продолжува со доењето или млечната формула. Може исто така да му се понудат на детето бистри напитоци, како вода.

Ако детето е постаро, користете орална течност за рехидратација. Можат да се купат од аптека.

Детето треба да се нуди почесто со помала количина на течности, за да се спречи дехидрација.

Неколку совети за да детето се чувствува попријатно при висока температура:

Детето треба да биде облечено во лесна облека.

При висока температура на детето  му се дава парацетамол во препорачана доза и честота. Исто така, може да се даде ибупрофен на деца на возраст над три месеци. Не се даваат лекови за намалување на температура премногу често или предолго, бидејќи може да предизвикаат несакани ефекти, како што е оштетување на црниот дроб.

Се избегнуваат ладни бањи, поминување на телото со сунѓер или мачкање со алкохол. Тоа, всушност, може повеќе да го вознемири  детето.

Да не се врши притисок врз детето да јаде. Ако детето не е гладно за време на треска, тоа е во ред.

Ако треската кај детето е предизвикана од бактериска инфекција, тогаш можеби ќе треба третман со антибиотици за да се ослободи од инфекцијата.

Да не му се дава на детето аспирин од која било причина. Аспиринот може да го направи детето подложно на синдром на Реј, ретка, но потенцијално фатална болест. Може да предизвика сериозна болест или дури и смрт кај деца со сипаници или синдром на грип.