Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

23.03.2015

Тромбоза на вени на долен екстремитет

Компресија на вена кава инфериор од аневризма на абдоменална аорта

Тромбоза на вените сериозно го нарушува функционирањето на организмот. Годишно заболуваат едно до три на 1000 лица. Причина за нејзино настанување е застојот на тромбите во вените. Тоа предизвикува дополнителни компликации кои внимателно треба да се дијагностицираат и лекуваат. Во следниот случај Ви претставуваме приказ на тромбоза на вени на нога кои се настанати како резултат на компресија на вена кава инфериор од аневризма на абдоменална аорта. Вена кава инфериор е долната шуплива вена која враќа крв од долните делови на телото во десната предкомора на срцето. Аневризма на абдоменална аорта е вреќесто проширување на аортата која поминува низ стомакот.Во нашата болница беше примен пациент на 65 годишна возраст поради засилени симптоми на длабока венска тромбоза (оток, црвенило и болка на левата нога).Претходно пациентот бил лекуван од длабока венска тромбоза на левата нога , но и покрај адекватната терапија симптомите се влошувале, заради не навременото откривање на вистинската причина за тромбозата. Преку ЕХО прегледот воочен е оскуден проток низ илијачни вени лево, компресибилни и проширена лева заедничка, лева суперфицијална феморална вена и лева поплитеална вена, како и наод на тромби во лева голема сафенска вена. Поради сомневање за компресија на вена кава инфериор, направена е компјутерска ангиографија (МСКТ на аорта и ангиографија на долни екстремитети), со наод за аневризма (проширување) на абдоменална аорта со димензии 5.6 см х 7.2 см. Аневризмата ја потиснува вена кава инфериор и длабоките вени во мала карлица кон лево, кои се проширени и тромбозирани. Исто така се следат и проширени колатерални вени во стомакот, но без тромбоза на лева феморална и лева поплитеална вена како и наод за присутни тромби во натколен дел на лева голема сафенска вена.

Предоперативна МСКТ ангиографија

Направен е оперативен третман замена на абдоминална инфраренална аорта со Albograft Y протеза 14/8 и аорто-билијакално премостување.

Постоперативна МСКТ ангиографија

Пациентот е пуштен на домашно лекување во добра општа состојба. После оперативното решавање на абдоминалната аневризма, со декомпресијата се намали и забавениот проток во венскиот систем на левата нога, а со тоа и симптомите на пациентот кои беа асоцирани со длабоката венска тромбоза.

Приказот на случај е претставен од Д-р Елена Амбаркова-Виларова спец.трансфузиолог и флеболог