Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

24.08.2015

Успешна интервенција на стентирање на аорта


„Заради комплицираност на мојата болест половина од учениците
мислеа дека сум мртов, но д-р Митрев ме спаси“

„Не е само најдобар доктор тој е најдобриот човек на планетава„ – со оваа реченица ни започна разговорот со кумановскиот професор по географија Абдула Љатифи. Повеќе од 40 години тој е во образованието, а неговата најголема радост се учениците.Работниот век му поминува во ОУ „Бајрам Шабани“, а животниот век веќе на двапати го продолжува во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. На 19-ти овој месец кај Љатифи е направена интервенција со поставување на два стента на аортата заради нејзина аневризма, комплицирана состојба со голем ризик по животот. Неговото прво даоѓање во нашата болницата е пред 6 години кога од страна на д-р Митрев му се поставени 4 бајпаса:
„По првата операција мојот живот со 4 бајпаса е ист како и пред тоа. Се чуствував феноменално, немав никакви проблеми, на контроли доаѓав редовно, живеев нормално. Но, во последната недела од месец мај почувствував до тогаш за мене не позната болка во желудникот. Беше утро , мислев причина за тоа е мојата лоша навика да не појадувам. Каснав нешто со надеж дека болката ќе помине. Но таа се засилуваше и се ширеше од стомакот кон градите. Стануваше неподнослива и морав да заминав на лекар во моето Куманово. По неколку испитувања направени од мојот кардиолог во Куманово ми беше сурегирано дека треба да се направи операција. Во кумановската болница немаше слободен термин, иста беше сликата и со Клиниката за кардиологија во Скопје. Се обидов и во Тетово, но секаде требаше да се чека. По инсистирање на мојата ќерка која е медицинска сестра дојдов во „Филип Втори“.

Да знаев дека овие интервенции се покриени од страна на ФЗОМ ни секунда не ќе размислував каде да се оперирам, благодарен сум што заради таа финансиска поволност можев да го одберам најдобриот. Кога дојдов овде во болницава со пуштањето на првата инфузија болките ми се смирија можам да кажам и ми исчезнаа. Бев подготвен за интервенцијата, чуствував голем оптимизам и навистина целиот тим на лекари и медицински персонал има огромен придонес за таа моја безгрижност. Знам дека во 18:00 часот почна интервенцијата а кога заврши не знам. Кога се освестив бев најсреќниот човек на светот, немаше порадосен ден во мојот живот од тој 19-ти јули“. Разговорот со даскалот по географија не можевме да го завршиме а да не прашаме дали денеска децата учат географија. Тој ни одговори: „ Не, децата денеска не учат географија, се што учат, учат од нивните паметни телефони ,така е тоа во овој век. Учениците си ги сакам највеќе, иако половина од нив мислеа дека сум мртов заради тешката дијагноза, но д-р Митрев ме спаси“.

За интервенцијата кај г-дин Љатифи зборувавме со Академик д-р Жан Митрев, тој вели дека случајот бил комплексен, но се завршил со одличен исход:
„ Извршена е интервенција со поставување на два стента на аортата која беше во многу лоша состојба. Не само што имаше аневризма туку истата имаше и извиткување , што дополнително ја комплицираше ситуацијата. Неговата аорта беше комплексно и извиткана и проширена, а тој беше континуирано со болки, се наоѓаше во состојба пред руптура на аневризмата, така што двата стента беа неопходни. Со тоа е покриен долг сегмент од аортата, практично од рамото до дијафрагмата. Заради извиткувањето мораше да се постави и вториот стент за да може да се покрие целата аорта во тој предел и каде што е извиткана, за да има добро налегнување на протезата на здравиот дел од аортата. Ова е модерен начин на лекување со ендоваскуларни стентови. Тоа се специјални стентови кои претходно се мерат и се подесуваат според пациентот. Ова ние и порано го имаме изведувано кај многу пациенти, но кај г-дин Љатифи имаме класичен случај на пациент со огромна торакална аневризма која е решена со торакални стентови. Радува фактот што трошоците за оваа интервенција беа покриени од ФЗОМ. Единствена работа која е проблематична во однос на пациентите е во тоа што ФЗОМ до сега тие тришоци не ги покриваше, а истите се огромни за тие протези и не се во можност сите пациенти да ги платат. Инртервенцијата помина одлично, пациентот е во одлична кондиција и физичка и психичка и за два дена си замина дома. Интервенцијата траеше помалку од еден час, без никакви компликации, од почеток до крај. Голем број на пациенти кои се во таа висока ризична група може да имаат бенефит од вакви интервенции. Пристапот секогаш е индивидуален, кај некој може да се реши проблемот со 4, кај некој со поставување на 1 стент. Се надевам дека и понатаму разбирањето и соработката со ФЗОМ ќе биде на ова рамниште, за да можат пациентите и во иднина своите проблеми да ги решаваат на тоа ниво и со најмал можен ризик“.