Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

26.09.2017

Успешна операција на комплициран ехинокок на црн дроб

Во болницата ЖАН МИТРЕВ успешно беше извршена уште една специфична интервенција на црн дроб. За кратко време се дијагностицираше и реши уште еден специфичен случај кој беше вистински предизвик и за искусниот д-р Јован Мирчевски.

Андреја Дулевски (82), по успешната операција на комплициран ехинокок на црн дроб извршена од абдоминалниот хирург д-р Јован Мирчевски се подготвуваше да замине во родната Битола. Оваа ретка дијагноза беше успешно решена од д-р Мирчевски кој до сега, во неговата богата кариера имал бројни пациенти со црнодробен ехинокок, но ретко со ваков искомплициран случај на ехинок.“

Ова е ретка и специфична интервенција бидејќи се работи за огромна ехинококна циста во десниот лобус на црниот дроб претворена во абсцес на црниот дроб. Се работи за одамна изумрен ехинокок, исполнет со гнојна маса и мртви остатоци од некогашните ехинококни мембрани. Кај пациентот имаше загнојување на огромната ехинококна циста која беше пред перфорација, со последователни компликации по неговиот живот. Цистата можеше да перфорира преку дијафрагмата во десното белодробие со тешки животни компликации“, објасни д-р Мирчевски. Тој дополни дека „се евакуираше околу 2,5 л течна, гнојна маса со распаднати материи од цистата. По евакуацијата на содржината, шуплината се исполни (тампонира) со голем васкуларен резен од омениумот. Постоперативниот тек е уреден и на 4-иот постоперативен ден во добра општа состојба пациентот е отпуштен дома“.

Андреја кој живее на релација Австралија – Македонија искажа голема благодарност најнапред на докторите од Поликлиниката „Филип Втори“ Битола кои го прегледале и упатиле на специјалистички преглед во болницата ЖАН МИТРЕВ.“ Се до пред 3 недели немав никакви проблеми. Од време на време чувствував како нешто да ми скока во стомакот, а потоа почнав и да губам апетит и упорно да кашлам“, започна да раскажува Андреја. Заедно со синот поминале низ неколку ординации во Битола, но никој не им дал точна дијагноза. „По препораката, за кратко време го закажавме прегледот кај д-р Мирчевски. Бидејќи ситуацијата беше ургентна и специфична веднаш бев подготвен и за операција. Среќен сум што се помина во најдобар ред и што се ослободив од тоа чувство дека имам нешто туѓо во мене“, со благодарност зборуваше Андреја. За него, здравјето нема цена и порачува на сите да прават редовни прегледи и контроли за да навремено се откријат здравствени проблеми кои често се без симптоми.