Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.02.2012

Успешна реконструкција на аорта на 13-годишно дете во Филип Втори

Успешна реконструкција на аорта на 13-годишно дете во Филип Втори

Тринесетгодишната Ајше со вродено срцево заболување беше успешно реконструирана од тимот кардиохирурзи на Филип Втори. Младата Ајше е родена со тешка срцева мана која се карактеризира со дефект на преградата меѓу двете комори и аорта која тргнува не само од левата туку од двете комори поради присутниот дефект и се нарекува јавачка аорта.

– Ова беше една многу сложена и комплицирана операција на вродена срцева мана. Направивме затворање на коморниот дефект и реконструкција на коренот на аортата со свртување на истата да излегува само од левата комора. При тоа не се употребени никакви протези или материјали. Со оваа операција вродената мана е отстранета и Ајше веќе нема да има проблеми како што ги имала порано – изјави академик д-р Жан Митрев.

Иако со вродената срцева мана Ајше живеела тринаесет години, вистинските проблеми се појавиле пред неколку месеци кога Ајше покажала слабост, не можела да оди, губела свест, а почнала и да се гуши. Состојбата на Ајше била премногу ризична за докторите во другите држави каде што родителите ја носеле, препорачувале оперативен третман и замена на аортата со протеза, но тие не се нафатиле на оваа ризична операција и не гарантирале дека ќе и го спасат животот на Ајше.

– Ја однесовме на доктор во повеќе земји почнувајќи од Италија па се наваму, ја прегледуваа и ми велеа дека состојбата и е многу сериозна и дека не гарантираат дека операцијата ќе биде успешна. Никој не сакаше да се нафати да ја излекува Ајше. Иако изгубивме време сепак спасот во најдовме во Филип Втори, само доктор Жан Митрев беше доволно способен и храбар да ја спаси Ајше – изјави таткото на Ајше.

После само една недела од операцијата Ајше е дома со семејството, одлично заздравена и веќе продолжува со своето детство.

– Брагодарна сум на докторите на Филип Втори, порано ми беше многу тешко, ништо не можев да правам, а сега се чувствувам одично, сега можам дури и со другарките да си играм на снегот – вели малата Ајше.

Според Академик Митрев овие операции препорачливо е да се прават на помала возраст, затоа што ваквиот вид на мани доколку не бидат саниран на време можат да доведат до мешање на крвта во срцето, инфекции, мозочен удар па дури и инфарктна состојба дури и кај деца.