Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

24.08.2016

Успешно лекувана масивна белодробна тромбемболија

Во специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ е примен маж на 47 годишна возраст поради губиток на свеста и гушење во утринските часови. Две недели претходно се жалел на болки во десната нога, на кои необрнал внимание. Поради ехокардиографско сомнение за белодробна тромбемболија, направена е итна компјутерска томографија, каде се визуелизира масивна белодробна емболија со гранично дилатирани десно срцеви кавитети (слика 1).  Вклучена е тромболиза со Алтеплаза по протокол за белодробна тромбемболија. После завршување на тромболитичната терапија, продолжено е со антикоагулантна терапија. Поради болките во десната нога направен е Доплер на вени, кој е со наод за тромб во организација на десна поплитеална вена. Контролната 256-МСКТ пулмонална ангиографија е со наод за значителна регресија на белодробната тромбемболија (слика бр. 2). Пациентот беше отпуштен од болница во добра здравствена состојба, десет дена после приемот во болница.

Слика број 1:

Белодробна емболија пред тромболиза

Слика број 2:

Состојба после белодробна емболија и тромболиза