Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

20.02.2015

Вадење на камен од мочниот канал


Вадење на камен од мочниот канал

Отежнато или отсуство на мокрење е состојба во човечкиот организам која укажува на сериозен проблем кој не смее да се запостави. Навременото третирање и лекување е клучниот фактор во надминување на состојбата. Во Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ неодамна беше хоспитализиран пациент на возраст од 54 години. Комплетно ретентен односно со неможност за исфрлање на урината. При ехо преглед констатирано е присуство на хидронефроза т.е застој на бубрегот од 3/4 степен. За попрецизни наоди направена е компјутерска томографија на стомакот. Преку ова снимање е воочен застој на десниот бубрег но и застој на мочниот канал од истата страна. Во мочниот канал е откриен камен (калкул)со димензии 10 мм x 9 мм. Поставена е индикација за цистоскопија. При што во мочниот канал -простатичениот дел се наиде на заглавениот камен, кој беше вратен во мочниот меур со поткренување. Со помош на сонда -Дормиа каменот е префрлен во корпата на сондата а потоа е изваден до надворешниот отвор на мочниот канал.Заради некомпарибилноста на големината на отворот со каменот отворот мораше да се засече т.н инцизиј, пресекување на отворот. Поставен е уринарен тропатен катетер.Интервенцијата помина во најдобар ред без никакви компликации.