Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.08.2015

Витамин Д – карактеристики и улога во организмот


Витамин Д – карактеристики и улога во организмот

Витаминот Д или т.н антирахитичен витамин заедно со паратироидниот хормон ја регулира ресорпцијата на калциум и фосфор во плазмата.Витаминот Д во организмот се создава во кожата во вид на провитамин а под дејство на сончевата УВ светлина се трансформира во витамин Д. Нашата кожа кога е изложена на директни сончеви зраци создава доволно количество на витамин Д, и токм изложеноста на сонце е најсигурен начин за истиот да се синтетизира.

Витаминот Д може да се внесе во организмот и преку храната . Најприсутен е во рибиното масло, млеко и млечни производи, жолчка од јајце. Во доволна количина го нема ниту во една намирница од нашата секојдневна исхрана и затоа речиси е невозможно потребите да се задоволат со внесување на истиот преку храна, па истите се надополнуваат со изложување на сонце. Препорачана дневна доза (според RDA) е од 5-10 мг.

Примарната улога на Витамин Д во организмот е во правилна апсорпција на калциумот и фосфорот во организмот, со што игра примарна улога во оформувањето на коските. Придонесува за нивно зацврстување, здрави заби како кај децата така и кај возрасните.Недостаток на Витамин Д доведува до пореметување на метаболизмот на калциум и фосфор во организмот со што доаѓа до општа деминерализација на коските, болки во коските, слабост во мускулите и почести спонтани фрактури.Најтешко пореметување предизвикано од недостаток на Витамин Д е болеста рахитис.Тоа е метаболичка болест на коските, најчесто се јавува кај деца и затоа внесот на витамин Д кај децата треба да биде редовен.Недоволно количество на витамин Д кај жените во менопауза го засилува процесот на остеопороза и е голем ризик за настанување на фрактури.

Затоа одржување на нормална концентрација на Витамин Д посебно кај постари мажи и жени е примарен фктор во превенција и третман на остеопорозата.Актуелни препораки за количеството кај возрасни се: Дневно оптимално да се внесуваат 800 IE (повисоките концентрации се токсични а помалите не се ефикасни)Намалено ниво на витамин Д е состојба која алармантно се зголемува секоја година. Речиси 40% од населението после 40 година од животот има намалено ниво на Витамин Д.Статусот на витамин Д во организмот се одредува со мерење на нивото на 25 (OH) D во серумот.Истиот се препорачува да се проверува уште на почетокот на менопаузата, како еден од начините за превенција од остеопороза, зашто хроничен недостаток на витамин Д неможе да се реши преку ноќ и потребен е подолг временски период истиот да се надокнади.

Подготвил:Дипл.инж.по биохемија Црвенпанова Александра