Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

11.03.2015

Во домот на нашиот пациент, композиторот Стојан Стојков

Јас ја создавав „Змејовата невеста“ а Вие се грижевте за мојот живот

Постои една изрека која гласи „Мисијата на уметникот е да допре до душата на публиката“. Години наназад ова му успева на нашиот реномиран композитор и професор Стојан Стојков.

Неуморен трагач по нови звуци кој никогаш не се одвоил од македонскиот музички фолклор. Совршено знаел да се грижи за редот на своите ноти , но не бил така моќен да го сочува и сопственото здравје. Свесен за сериозните нарушувања на неговото здравје , одлучи животот да го довери на лекарскиот тим на „Филип Втори“ . Од 2010 година тој е наш пациент а во изминативе години врз него се направени неколку операции . И тоа оние операции кои знаат да го забрзаат ритамот на срцето, да го заматат погледот поради неизвесноста од одговорот на прашањето ,, Дали ќе се разбудам?“. Заспиваше и се будеше нашиот композитор три пати, три операции, три нови надежи. Да, тоа се премрежја кои поминуваат , но никогаш не се забораваат. Го посетивме во неговиот дом во Скопје. Насмеан лик, ведар дух кој не го промениле болестите.

„Кога ми беше најтешко морав да бидам најсилен . Здравстевните проблеми се совпадна со големиот предизвик поврзан со создавањето на операта „Змејовата невеста“. Датумот беше одреден морав да го испочитувам договорот. Тоа беше премиера која не смееше да чека. Здравјето кревко, времето кратко а јас, јас сигурен во секој нов ден зошто бев во Ваши раце. Благодарам на Вашата болница , пример за сите како се однесува лекарот и сите медицински лица кон пациентот. Вие ме лекувавте , а јас пишував“. Задоволно раскажува 74 годишниот Стојков, среќен што по цели 10 години на сцената на МОБ поставена е опера од македонски композитор. Стојков продолжува да создава, како што вели, се додека машината во мене работи(мислејќи на срцето) .

Подршката од сопругата, децата и внуците е најповолниот ветар во грб за бродот од ноти уште долго да плови. Посетата беше дел од активностите кои Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори “ ја организира заедно со Црвен крст на г.Скопје. Истата е во рамки на Неделата на борба против кадриоваскуларните заболувања, која се одбележува од 21-28 февруари.