Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.06.2015

Во „Филип Втори“ за прв пат е вградена тестикуларна протеза

Пациентот е момче на возраст од 15 години

Орхиектомија(Orchiectomia) – е оперативен зафат со кој се отстарнува еден или двата тестиси кај мажите. Индикациите за оваа операција се многубројни и за жал се почесто ја опфаќаат младата популација. Најчести причини се: • Карцином на простата – трендот на јавување на оваа болест е кај мажи над 55 – 60 години, а отстранувањето на тестисите е еден вид терапевтска метода со која се супримира хормоналното дејство врз простата. • Торзија на тестис – состојба на увртување на тестисот. Оваа состојба има тренд на јавување кај млади момчиња, акутна е и многу сериозна. Доколку истата на време не се препознае, доведува до исхемични промени на тестикуларното ткиво кои завршуваат со некроза на истото и потреба од отстранување на тестисот. • Карцином на тестис – малигна болест на тестисите која почесто се јавува кај млади мажи, но не се исклучува и појава во понапредната возраст. Најчесто карциномот е со висок степен на малигнитет и бара итно интервенирање со радикално отстранување на тестикуларното ткиво. • Абсцес на тестис со некроза на тестикуларното ткиво – различни видови на воспаленија на тестисот, скротумот и епидидимот можат да се интензивираат до тој степен да предизвикаат формирање на абсцесна шуплина со развој на некротични жаришта. Било која од наведените причини како терапевтска метода бара вградување на тестикуларна протеза. Овој оперативен зафат е едноставен и брз, но сам по себе остава трага врз психолошкото здравје на пациентот. Сознанието на едно младо момче во периодот на развој и репродукција дека има еден тестис помалку, може во голема мера да ја наруши психичката стабилност на личноста, неговата самодоверба, социјализација и во краен случај и идејата за формирање на семејство.

Во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, на одделот за Урологија, од страна на Д-р Горан Јовиќ, беше направено имплантирање на тестикуларна протеза кај младо момче на возраст од 15 години. Момчето беше донесено во нашата установа со болки во тетсисот кои датираат од пред 1 месец. По направените дијагностички процедури констатирано е присуство на торзија на тестисот и е донесена индикација за оперативен третман. Интраоперативно потврдено е присуство на некроза на тестисот. Истиот е изваден и заменет со тетсикуларна протеза.

Пациентот е пуштен на домашно лекување 24 часа после оперативниот зафат.
Операцијата ја изврши д-р Горан Јовиќ уролог , заедно со неговиот тим