Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.11.2015

„ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ – „ФИЛИП ВТОРИ“

Средба на Академик Жан Митрев и светскиот шампион Димитар Ѓорѓиев

По иницијатива на Академик д-р Жан Митрев , Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ од денеска е медицински партнер кој ќе се грижи за здравјето на двократниот Светски шампион во кик-бокс неготинчанецот Димитар Ѓорѓиев . Под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ – „ФИЛИП ВТОРИ“, со својот професионален пристап и стручен кадар ќе ја следи здравствената состојба на спортистите ставајќи ги на располагање сите свои технички и човечки ресурси за подобро здравје, а со тоа и подобри резултати на нашите шампиони. Ѓорѓиев е еден од нив , тој е двократен шампион на светот( 2011 и 2013 година) во кик бокс во категоријата до 74 кг, а за неколку дена заминува на светското првенство во Белград, во поход и по третото планетарно одличје.

„Огромна благодарност до д-р Жан Митрев и тимот лекари на „Филип Втори“ што јас сум еден од спортистите кои го избраа како дел од оваа програма и што размисмислуваат и дејствуваат во правец за подобро здравје на спортистите воопшто. Драго ми е што ќе се грижат за моето здравје и одржувањето на мојата психофизичката кондиција. Убаво е чувството кога некој го препознава значењето на спортот и навистина понира фактот што токму кај нас најдобрите лекари ќе им помагаат на спортистите.“, изјави светскиот шампион по средбата со Академик Митрев.

Поддршката на Академик Митрев доаѓа како продолжение на промовирањето на здравиот начин на живот, спортувањето и правилно балансираната исхрана , како предуслови за подобро здравје и подигнување на свеста, посебно кај младите за придобивките од овој начин на живеење.„Специјалната болница „Филип Втори“ и во иднина ќе биде помагател на спортистите , оние најдобрите, но и на оние кои допрва треба да го изодат патот до врвот. Оваа иницијатива ја почнавме летово преку грижата за здравјето на децата кои беа дел од „Ракометниот камп Кирил Лазаров 7“, деца кои се иднината на македонскиот ракомет “ , посочи Академик Митрев најавувајќи дека веќе следната недела ќе има средба со уште еден наш шампион.