Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Zan Mitrev Clinic и годинава дел од „Галичка свадба“

Назад до Дневна доза здравје

04.07.2019

Zan Mitrev Clinic и годинава дел од „Галичка свадба“

Традиционално и оваа година Zan Mitrev Clinic ќе ја поддржи светски познатата културна манифестација „Галичка свадба“. Манифестацијата ќе се одржи во периодот од 12-ти до 14-ти јули во Галичник. Галичката свадба е манифестација која редовно е посетувана од голем број видни претставници на културниот и општествено-политичкиот живот, како и претставници на дипломатскиот кор, кои со особено внимание ја следат единствената хармонија создадена од манифестацијата и неповторливиот „Галички амбиент“.

Галичката свадба со години е прогласувана за најуспешна туристичка манифестација кај нас, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа чиј дел секогаш е и нашата клиника.

Во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина, со поставување на свадбарското знаме ќе почне 46. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата.

Младенците на годинашната манифестација Марина Петровска и Огнен Караѓозовски, кои се избрани во конкуренција од повеќе пара, денес, изјавија дека се особено среќни што се избрани за невеста и младоженец, на најавтентичната и најтрадиционална свадба на сите простори. На манифестацијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе.