“.NET DEVELOPER”

мај 05,2025

ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работно место:
“.NET DEVELOPER”
Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе ги имаат следниве задолженија:

  • Анализа и дизајн на софтверски решенија кои се во функција.
  • Развој на дополнителни софтверски модули на веќе постоечкиот болнички систем.
    Потребни квалификации на програмерот
  • Познавање и искуство со ASP.NET MVC
  • Познавање и искуство со AngularJS
  • Познавање на релациони бази на податоци MSSQL
  • Искуство во ORM технологии и LINQ
    Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност
  • Основно познавање на JavaScript, CSS3, HTML5
  • Искуство со TFS (Team Foundation Server)
  • Работно искуство 1+ година како програмер на болнички и медицински апликации, ќе се смета како предност.
    Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ нуди одлични услови за работа и високо професионална работна атмосфера. Можност за личен развој, едукација и доусовршување.
    Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk

• Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.
• Сите доставени апликации ќе бидат третирани со највисоко ниво на доверливост