јуни 06,2024
ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев Скопје објавува оглас за работно место:
Стоматолошки асистент
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено средно образование во областа на стоматологија или слично.
- Пожелно е претходно искуство како Стоматолошки асистент.
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини.
- Способност за работа во тим и внимание на детали.
Клучни одговорности:
- Асистирање на стоматолозите специјалисти за време на стоматолошки процедури.
- Подготовка на пациентите и стоматолошките инструменти за третман.
- Обезбедување грижа и поддршка за пациентите пред, за време и по третманот.
- Одржување на најпрофесионални услови за работа и ред во стоматолошката ординација.
Други карактеристики и вештини:
- Силни интерперсонални и комуникациски вештини.
- Висок степен на лична организираност и професионализам
- Изразени вештини за менаџирање со време и одредување на приоритети, со способност за работа во кратки рокови
- Флексибилност и адаптибилност во работата, со способност за приспособување на различни ситуации и потреби на пациентите
- Способност за адаптирање и работа во динамична средина, со способност за справување со предизвици
- Посветеност на континуирано учење и професионален развој.
Болницата нуди:
- Одлични услови за работа, вклучувајќи современо опремени стоматолошки кабинети и инфраструктура, со последна генерација на стоматолошка опрема единствена кај нас
- Високо професионална работна атмосфера, во која се поддржуваат колегијалноста и континуираниот професионален развој
- Можност за личен развој, обука и до усовршување, вклучувајќи учество во обуки и семинари во земјата и надвор
- Имплементација на нови технологии и третмани, за осигурување на висок степен на квалитет во пациентката нега и стоматолошката услуга
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk
*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.
*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.