Цели 17 години нашето срце чука во сите бои

Настани

јули 29, 2025

И оваа година, седумнаесетти пат по ред, традиционално, во организација на Одделот за психологија и психотерапија при нашата клиника, се одржа Летниот камп наменет за децата со вродени срцеви маани, кои беа придружени од своите родители.

Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје беа реализирани креативни психолошки работилници и физиотерапевтски вежби чија цел беше да се поттикне целокупниот развој кај децата по направената операција или интервенција на срце.
Сите активности, вклучително игрите, забавата и дружењето се одвиваа под раководство и стручен надзор на тимот психолози доц. д-р Кристина Егуменовска, Александра Петроски и физиотерапевтот Блаже Арсов. Годинава ни гостуваше и нашиот специјалист кардиолог д-р Тања Анѓушева, која одржа интерактивна работилница со дечињата, а преку пригодна презентација обезбеди одговори на големиот број прашања од родителите.
Летниот камп за деца со вродени срцеви мани МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ секоја година ги исполнува нашите срца!