00389 2 3091 484
јули 13, 2015
Соработката со „Филип Втори“ голем придонес за кампот
Четврти ден од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.Секој ден приказна за себе во која најмногу се раскажува за ракометот.Практичниот дел од овој атрактивен спорт овде во кампот се реализира два пати на ден. Преку утрински и попладневни тренинзи. Децата се поделени во 5 групи, според возраста. Тренирани од врвни имиња во ракометот. Лазаров дел од тренинзите на сите 150 деца.Организаторот на кампот,КМГ Спорт ја има осмислено секоја минута на децата. Изблансираноста помеѓу физичката активност и одморот прават деновите да поминуваат лесно и брзо. Покрај одличната организација кампот добива на атрактивност со присуството на нашите репрезентативци, Стоилов, Ристовски, Манасков, Ојлески,потоа вардаровецот Дибиров и гостинот од Србија, Дејан Периќ. Специјалната болница „Филип Втори“ е задолжена за медицинскиот надзор и помош на децата.Но и за добрата исхрана на идните ракометари, преку изработката на 7 дневното мени.Соработка која продолжува, во таа насока Лазров ни изјави:
„ Со организирање на кампот на овој начин мислам дека направивме една нова и огромна работа. Радува присуството на деца од цела Македонија.Идејата на овој камп е да се обидеме да ги „разбудиме“ сите делови од земјава каде што ракометот е замрен, повторно да ги оживееме преку нашето знаење и вложување во континуиран развој на ракометот.Бидејќи тоа е спорт за кој децата пројавуваат огромен интерес. А ние ќе направиме се за да го учат, научат и да напредуваат покрај нас. Да станат добри ракометари,а преку поединечниот учинок во колективната игра да го изградат и својот карактер.Огромно е значењето на Специјалната болница „Филип Втори“ како медицински партнер на кампот. Му благодрам на д-р Митрев за соработката и се надевам дека истата и во иднина ќе продолжи. Присуството на лекарскиот тим од „Филип Втори“ овозможува сите повреди кои се настанати во текот на овие денови да се санираат навремено и професионално. Нивниот третман кон повредите на децата, придонесува во максимално краток рок да се вратат на терен“.
Лекарскиот тим на „Филип Втори“ го предводи д-р Сузана Јанчевска специјалист ортопед.Еве го најкратко билтенот на повреди во изминативе денови:„Лекарскиот тим кој е овде здравствено ги згрижува децата од утро до вечер, имаме импровизирана амбуланта која се наоѓа веднаш до терените во кампот.Нашиот ангажман е 24 часовен здравствен мониторинг на сите присутни во кампот.Во изминативе 4 дена кај децата најчесто се работеше за истегнување на мускулатури, дистензии на одредени зглопчиња на прстите,на дланката и на скочниот зглоб. Неколку деца се пожалија и на дехидратација. Овде сакам да потсетам дека треба да земаат повеќе течности за да го надополнат она што го губат за време на тренингот.Се чуствува малку замор кај децата, има по некоја исеченица, набиеници и разни буички како резултат на притисок од носење на несоодветни обувки,патики.Постојано сме активни“.
Остануваат уште 2 предавања на теми од здравјето на децата кои ќе се случат утре и задутре. Во сабота кампот ќе го посети и медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева, која како дел од тимот на „Филип Втори“ даде огромен придонес за успешноста на соработката со најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.