00389 2 3091 484
јули 07,2010
Четврти конгрес на кардиолозите на Македонија
Македонија е меѓу земјите со најголем ризик од кардиоваскуларни болест. Кардиоваскуларните заболувања се одговорни за една третина од вкупната смртност во светот. Од срцеви заболувања во Македонија годишно умираат над 10 000 луѓе, а во светот 18 000 милиони.
Повеќе од триесет лекари-специјалисти и друг медицински персонал од ПЗУ „Филип Втори“ зедоа активно учество на Конгресот кој од 2 до 5 јуни се одржа во Охрид и на кој беа организирани и пленарни предавања , симпозиуми, тркалезни маси, усни и постер презентации од областа на современата кардиоваскуларна медицина.Беа презентирани искуствата од секојдневната пракса на работењето на болницата. Се одржаа предавања на тема: трансрадијален пристап на амбулантски третман кај перкутани интервенции , PCI vs. CABS во третман на повеќесадовна коронарна артериска болест , инвазивни и неинвазивни резултати на перкутана балон валвулопластика на пулмоналната валвула, срцева силуета по митрален валвуларен репласман , трикуспидна анулопластика и биатриопластика , средни резултати од следењето на редукционата асцендентна аортопластика конвенционален кардиоплегичен арест наспроти операција на пулсирачко срце со тешко оштетена лева комора, замена на десцендентна аорта преку предна стернотомија , прием на пациенти со акутна аортна дисекција , долготрајна проодност на имплантирани аорто-коронарни бајпас графтови дистално од коронарни стентови: 64-мултислајсна коронарографска студија, хипотиреозни состојби кај кардиохируршки болни scimitar синдром –приказ на случај scimitar синдром-Case Report, spontaneous recanalization of occluded saphenous vein graft following femoro-popliteal bypass, successful treatment of ruptured popliteal artery aneurysm , preoperative pulmonary function test in patiens for ACBP, dual left anterior descending artery distribution, cardiac silhouette following a mitral valve replacement , tricuspid annuloplasty and atrioplasty of both atria ,aorto –bilateral –femoral-bilateral-bypass for leriche syndrome with occlusion of both superficial femoral arteries…На Конгресот, свои презентации од областа на новите техники во кардиохирургијата имаа и врвните кардиоторакални хирурзи : академик д-р Жан Митрев – директор на ПЗУ „Филип Втори“, проф. д-р Турина – Универзитетски професор од Цирих, проф. д-р А. Мориц – директор на одделот за тораковаскуларна хирургија – Франкфурт , проф.д-р С.Прапас – директор на одделот за кардиохирургија во болницата „Хенри Дунант“ од Атина , проф.д-р Б.Биочина – директор на одделот за кардиохирургија на клиниката „Ребро“ од Загреб, д-р Јорк Бабин Ебел од Клиниката за кардиоваскуларна хирургија од Бад Ноиштад, Германија.На Конгресот учествуваа околу 800 кардиолози од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Турција, Израел, Германија, Австрија, Чешка, Грција, Полска…