00389 2 3091 484
октомври 15, 2020
“Хигиена на раце за сите” е мотото на овогодинешниот Глобален ден на хигиена на раце. Секој 15 октомври е посветен на подигнување на свесноста и потенцирање на важноста на миењето раце со вода и сапун како лесен, ефикасен и прифатлив начин на превенција од заболувања и со тоа спасување живот. Оваа година тој е особено важен бидејќи една од задолжителните мерки препорачана од Светската Здравствена Организација за спечување на актуелниот Коронавирус е токму тоа, редовно и темелно миење на рацете со вода и сапун.
Само да потсетиме дека најчестиот начин на пренесување на микроорганизмите се токму рацете на човекот. А овој едноставен чекор – миењето раце, е ефективен метод за спречување на пренесување на дијареални болести, респираторни, кожни инфекции, инфекции на очи, како и цревни глисти.
Оваа година миењето раце ја добива вистинската вредност за сите нас. Пандемијата со корона вирусот потврди дека прва мерка во превенција на пренос на заразни болести е токму хигиената на рацете.
Статистиката кажува дека:
Проблемот на недоволна пракса на миење раце со вода и сапун е присутен не е само во земјите во развој, туку и во високо развиените земји. Затоа насекаде во светот секоја година на 15-ти Октомври, се одбележува Global Hand Washing Day, со нов слоган и на креативен начин се потенцира важноста на миењето раце со вода и сапун. Целта на овие кампањи е да се потикне културата за миење раце на глобално и локално ниво и да се претстави бенефитот од истата.
Сите ние подеднакво сме во ризик за добивање на корона вирус инфекција и токму затоа мотото на кампањата за миење раце оваа години гласи – “Хигиена на раце за сите”.
Миењето раце е секојдневна рутина, континуирана пракса и треба да се прави на соодветен начин, доволно долго и во вистинско време. Кога ова е особено важно?
Во болнички услови иако хигиената на раце подразбира миење раце со вода и сапун и дезинфекција на раце, овие две постапки не треба да се поистоветуваат. Инфекциите се сериозен проблем во здравствените установи:
Ние точно знаеме кога е потребно користење вода и сапун, а кога од алкохолен дезинфициенс. Рутински практикувана е хигиена на раце со алкохолен дезинфициенс, но миењето со вода и сапун е незаменливо кога рацете се видливо нечисти или контаминирани (во случај кога сме дошле во контакт со телесни течности). Миењето раце е избор и кога се манипулира со пациенти кои имаат спорогени бактерии како што е случај со Clostridium difficile. Во останатите ситуации хигиена на раце со алкохолен дезинфициенс е оправдана по ефикасност, потребно време и достапност.