00389 2 3091 484
март 4, 2015
Црвеното вино и здравјето
На алкохолот и здравјето патеките им се во различни насоки. Оддамнина се знае дека алкохолните пијалоци се штетен за човечкото здравје. Сериозноста добива на големина кого се земаат паралелно со лекови. Но црвеното вино е исклучок.
Исто како животот така и виното си има свој пат. Дали ќе биде добро или не зависи од многу причини..Поднебјето под кое расне,начинот на кој зрее грозјето. Но и количината љубов со која се внимава и на последното зрно кое еден ден ќе се претвори во капка .Виното за некого утеха за некого задоволство, а засекогаш останува пијалак на боговите.
Виното содржи многу антиоксиданси,компоненти кои го чуваат срцето,крвните садови,нервниот систем и го штитат организмот од оксидативниот стрес.Грозјето содржи антиоксиданси кои делуваат против слободните радикали и го спечуваат оштетувањето на клетките.Семките од грозјето содржат антиоксиданси кои го штитат срцето и крвните садови Некој од позитивните ефекти на црвеното(црното) вино се следните:
Намалување на срцевите заболувања- Се смета дека флавоноидите во црвеното вино го намалуваат „лошиот холестерол“ во крвотокот и го зголемува „добриот холесторол“. Флавоноидите и резвератролот го спречуваат згрутчувањето на крвта ,причина за настанување на срцевите инфаркти и мозочните удари.
Заштита од канцер Резвератролот во виното ја спречува инциденцата на тумор и растењето на канцерогените клетки. Преку истражувањата посочена е тенката врска на една чаша црвено вино дневно и намалувањето на половина на ризикот од настанување на карцином на простатата.Заштита од неуролошки пореметувања.
Истражувањата укажуваат на фактот дека резвератролот придонесува во спречување на формирањето на амилоидниот плак,кој е причина за оштетување на мозочните клетки и причинител за Алцхајмеровата болест.
Следниот пат кога ќе избирате вино одберете што потемно црно(црвено) вино. Доколку сте биле изложени предолго на сонце, некаково зрачење,стрес земете што потемно вино. На тој начин од виното ќе го извлечете максимумот за вашето здравје. Но за да се постигне вистинскиот ефект на здравјето,количините мора да се ограничени. Се препорачува 1-2 чаши на ден црвено вино за да не се наруши нормалното функционирање на другите органи.