Д-р Кензо Касе на Кинезио-семинарот во Zan Mitrev Clinic

Настани

април 24, 2019

Над 50 сегашни и идни физиотерапевти од државава но и од соседните држави присуствуваа на Кинезио-семинарот и работилницата којашто се одржа на 21. април 2019 година во Zan Mitrev Clinic. Настанот беше организиран од Македонското физиотерапевтско здружение во соработка со компанијата ФИЛА-ФАРМ помогнат секако од нашата клиника. Учесниците на семинарот имаа чест своите знаења и вештини да ги надоградат учејќи дирекно од Д-р Кензо Касе, иноваторот на кинезиотејпингот техниката и лентите под брендот „Кинесио“, а кои може да се набават во нашата Фила Аптека или Фила Фарм.

Што е кинесио тејпинг?

Toa e техника на лепење на „Kinesio Tex“ ленти чија функција е забрзување на процесот на природно лекување на организмот при што се обезбедува поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без нивно ограничување. „Kinesio Tex Tape“ е еластична адхезивна лента развиена од јапонскиот киропрактичар д-р Кензо Касе. Toa е хипоалергена, водоотпорна лента направена од памучни влакна со акрилен лепак која може да се користи неколку дена и е безбедна за користење за широка популација, од спортисти до педијатриски пациенти.

Kinesio Taping најчесто се користи:

  • како потпора на мускулите (ги подобрува контракции на слабите мускули, го намалува мускулниот замор и грчеви и овозможува поголем обем на движења и ја намалува болката)
  • при намалување на едеми и хематоми (ја подобрува крвната и лимфна циркулација, ја намалува температурата и зголемува елиминацијата на токсините во мускулно ткиво и со тоа се намалува воспалението и болка во кожата и мускулите)
  • ги активира внатрешните аналгетични системи (го активира спиналниот и еферентен инхибиторен систем)
  • при корекција на проблеми со зглобовите (го подобрува односот на зглобните површини којшто е провоциран од спазам или скратување на мускулите, го нормализира мускулниот тонус и пореметувањата на зглобната фасција, го зголемува обемот на движење и ја намалува болката)

Доктор Касе вели дека оваа метода е погодна и за деца и за трудници без никакви несакани ефекти а многу можни бенефити.

– Кинезио тејпинг има четири функции и тоа: да ослободува од болка, да коригира дисфункција на зглобовите, да инхибира или да помага мускулна функција и да помогне при проблеми со воспаленија и нарушена циркулација. Лепенката создава микро простори помеѓу различните ткива за да се овозможи слободен проток и прочистување на течностите во телото. Ова го нарекуваме Хидрокинетик (Hydrokinetic), каде течноста (Hydro) може да се движи (kinetic) – вели доктор Касе.

Тој потенцира дека со оваа метода има одлични резултати во пост-оперативниот Кинезио тејпинг и во ЕДФ концептот кој многу ветува при третирање на невролошки состојби и болки во телото.

Доктор Касе додава дека понекогаш онаму каде што чувствувате најголема болка не е местото каде што е потребно лепење на Кинезио. По добиениот совет, многу луѓе можат да научат од терапевтот како дома да се лепат себеси.

Македонското физиотерапевтско здружение продолжува со соработката со Кинезио универзитетот од Америка во организација на курсевите кои се веќе закажани и тече регистрацијата за истите.

КТ1/2 ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2019, а КТ3 на 1 и 2 ноември 2019 во Жан Митрев Клиника.

Регистрацијата се одвива на следниот е-маил контакт president@mfz.mk или на телефон +38970/772122.

Исто така присутните беа информирани дека во Македонија веќе има дистрибутер на кинезио продуктите и дека тоа е ФИЛА-ФАРМ еден од партнерите на Македонското физиотерапевтско здружение. Фила фарм е фармацевтска компанија која ги исполни барањата на македонските физиотерапевти да ги направат достапни за нив оригиналните кинезио траките.