00389 2 3091 484
декември 19, 2016
Академик д-р Жан Митрев, ја прими највисоката награда од Општина Штип, орденот “Свети Никола“, а по повод 19 декември, патронот на градот. На свечената академија која се одржа во соборниот храм Свети Никола, пред бројни гости од општествениот и јавен живот во земјата, градоначалникот Илчо Захариев му го врачи највисокото признание на д-р Жан Митрев. Во своето обраќање д-р Митрев напомена дека како штипјанец, никогаш не заборавил на својот град и дека во континуитет во неговата болница поминале многу луѓе кои добиле живот.
“Орденот е само поттик повеќе за понатаму да продолжам да работам во таа насока“, додаде тој. Горд на својот сограѓанин, градоначалникот Илчо Захариев изјави дека д-р Жан Митрев со своето дело, со своето ангажирање, спаси илјадници животи. “Направи најмодерен кардиохируршки центар на Балканот, а можеби и во Европа, и мислам дека една таква личност, која израснала во нашиот град, која потекнува од Штип, го заслужува орденот „Св. Никола“. Исто така, д-р Жан Митрев на општината ѝ донира четири куќи во Ново Село. Морам да кажам дека ние сме на добар пат првата куќа да ја обновиме и засега за таа намена обезбедивме околу 50.000 евра – објасни Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Во црквата Свети Никола беа доделени и останатите признанија. Добитници се ЈП за државни патишта и директорот Александар Стојанов, потоа Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и директорктата Билјана Вуковиќ, Агенцијата за млади и спорт и директорот Марјан Спасески, новинарот и дописник на „Дневник„, Љупчо Шатевски, професорот Борче Крстевски и Никола Опашинов, Кирил Јорданов и Александра Ангеловска од Општина Штип.