00389 2 3091 484
јануари 3, 2023
Медицинските работници со децении предупредуваат за кардиолошките ризици што ги носат новогодишните празнувања. Во 1970 година лекарите дури и му дадоа име на славенички прекумерно пиење: ,,синдром на празнично срце,,. Тие забележале инаку здрави пациенти да дојдат како итни случаи со атријална фибрилација или неправилен срцев ритам откако пиеле за време на празничните веселби. Има млади луѓе, но и поворзасни кои се засегнати од синдромот на празнично срце.
Еве што треба да знаете за состојбата и неколку совети како да го намалите ризикот.
„Празнично срце“ е навистина само уште една фраза за атријална фибрилација предизвикана од алкохол, што е всушност брз, хаотичен срцев ритам. Атријалната фибрилација е едно од најчестите срцеви заболувања, кое е во тесна врска со кнсумирањето алкохол. Многу луѓе со атријална фибрилација нема да имаат никакви симптоми. Оние кај кои се појавуваат симптоми може да ги доживеат како треперење или чукање на срцето, палпитации, болка во градите или отежнато дишење. Кај некои се поавува екстремен замор, па дури и се онесвестуваат. За некои луѓе, се појавува во кус период, но кај други состојбата може да стане трајна.
Сепак, особено е важно да внимавате на симптомите бидејќи атријалната фибрилација може да го зголеми ризикот од мозочен удар; исто така е поврзана со деменција и срцева слабост.
Според истражувања спроведени во САД ризикот се зголемува со возраста –до 80 година, имате околу 10 проценти шанси да ја имате оваа состојба. Други фактори на ризик вклучуваат височина. Ако сте високи над 1,75м, имате прекумерна тежина или семејна историја.
Лекарите обично дијагностицираат атријална фибрилација преку електрокардиограм. Вообичаеното сценарио е кога пациентот оди на редовен скрининг со ЕКГ да му биде откриена состојбата. Но, со популарноста на паметните часовници (smart watch) кои имаат срцев монитор, пациентите сами забележуваат промени во нивниот срцев ритам и бараат кардиолошки прегледи.
Лекарите се уште се обидуваат да разберат точно како алкохолот влијае на срцето. Една работна теорија е дека алкохолот предизвикува промени во вашиот нервен систем, кој обично го регулира срцевиот ритам. Прекумерниот алкохол, исто така, може да ги промени електричните сигнали во вашето срце, кои ја координираат контракцијата на вашите срцеви клетки.
Во текот на последните 10 години, научниците ја потврдуваат поврзаноста меѓу алкохолот и атријалната фибрилација. Една студија покажа дека само еден пијалок на ден може да го зголеми ризикот за појава на оваа состојба за 16%. Но, иако алкохолот ја зголемува вашата шанса за развој на истата, таа не е пресудна ниту драстична.
Сепак она што е важно е луѓето од сите возрасти да бидат свесни за предупредувачките знаци.
Луѓето имаат тенденција да ги игнорираат своите симптоми за време на празниците и да чекаат пред да побараат лекарска помош. Од клучно значење е да тоа да се стори навреме. Ако имате постојано забрзано чукање на срцето и болка во градите или ако се борите за воздух. Вртоглавица и чувство на зашеметеност или збунетост исто така може да укажуваат на срцеви проблеми. Бидејќи секоја секунда е важна кога е во прашање срцето.
Ограничувањето на количината на алкохол што го консумирате може да помогне во заштитата на срцето – но за оние кои избираат да пијат, еве неколку начини како срцето да остане здраво:
Ако пиете за време на празниците, погрижете се да пиете полна чаша вода помеѓу секој пијалок. Дехидрацијата го зголемува ризикот од синдром на празнично срце и затоа е од суштинско значење да бидете сигурни дека ќе останете хидрирани.
Многу луѓе го занемаруваат земањето терапија за срцето или притисок додека патуваат за да го посетат семејството и пријателите, мислејќи дека можат да поминат неколку дена без нив. Но, важно е да продолжите да ги земате лековите според препишаното.
Умереното вежбање може да помогне како превенција на атријалната фибрилација. Ако имате редовна рутина за вежбање која е пореметена за време на празниците, најдете малку време за изменет тренинг – дури и ако тоа е само прошетка низ маало.
Стресот може да игра погубна улога во зголемувањето на ризикот од срцеви проблеми. Ако сметате дека сте преморени, обидете се да се соземете со вежби за смирено дишење. Колку и да бидат бурни празниците, погрижете се да го чуете вашето тело и да внимавате на сè што не треба да се прави.
Доколку сепак се чуствувате лошо, ние сме секогаш тука да помогнеме