00389 2 3091 484
декември 15, 2023
Имунолошкиот систем има задача да ги пронајде и уништи бактериите и вирусите кои би можеле да му наштетат на организмот на детето. Имунолошкиот систем е тој кој нас не одржува да бидеме здрави. Имунолошкиот одговор преку активација на инфламација или воспаление овозможува одбрамбениот одговор да биде активен. Активираните имунолошки клетки се тие кои испраќаат сигнали до мозокот за да настане треска и покачена телесна температура.
Понекогаш, зголемената телесна температура и треската ќе се јават без јасна причина.
Оваа состојба се јавува кај синдромот на периодични трески или пзнат и како ПФАПА синдром, чие име е кратенка од неколку англиски термини: Periodic Fever, Aphthous stomatitis, Pharyngitis, Adenitis.
Кај ПФАПА синдромот постои абнормална активација на имунолошките клетки, што ќе предизвика абнормално воспаление и покачена телесна температура.
Оваа состојба спаѓа во групата на имунолошки нарушувања и е најчеста во оваа група нарушувања.
Се јавува речиси секогаш кај деца, а критична возраст на појавување на истата е меѓу третата и петата година. И бидејќи станува збор за период на растење и честа изложеност на малите деца на инфекции со вируси и бактерии, оваа состојба останува не препознаена и не дијагностицирана. Фактот дека во речиси 90% од случаите, поминува спонтано и со ремисија после шестата година, дополнително го отежнува моментот за навремено откривање на оваа состојба.
Кај овие деца се повторувани бројни микробиолошки брисеви кои во поголем дел биле негативни. Во текот на епизодите на покачена температура речиси секогаш маркерите за инфекција се изразито високи, така што децата завршуваат редовно на антибиотска терапија која што во овој случај нема никаков ефект врз подобрувањето на состојбата. Освен тоа, високата телесна температура речиси и да не реагира на антипиретици од типот на Парацетамол или Бруфен.
Поретко, оваа состојба може да биде придружена и со други симптоми, како што се:
Се смета дека болеста е комплексно-генетска, има фамилијарно појавување и се наследува автосомно-доминантно, па така неретко се добива податок за родителите дека и тие имале слични проблеми во детска возраст.
Важноста на дијагностиката е клучна од неколку аспекти:
Одделот за педијатрја во клиниката Жан Митрев ви стои на располагање за сите педијатриски проблеми. Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484