00389 2 3091 484
април 30, 2012
Дали постои поврзаност помеѓу наследниот фактор и дисекциите?
Пациент Р.С на 27 години примен како итен случај со клиничка слика за акутна аортна дисекција. Тегобите почнале 7 часа пред приемот со болки во градите и грбот, одземеност на нозете, повеќе левата. При прием во тешка, витално загрозувачка состојба, со присутна флакцидна параплегија и отсутни пулсации на обете АФС. Направена е МСКТ на аорта каде е детектирана дисекција Stanford A, De Bakey I. Препорачан е итен оперативен третман. Направена е реконструкција на аортната валвула и купракоронарна замена на асцендентна аорта и хемиаркус со васкуларна протеза. После излегување од сала стабилен, екстубиран со задоволителна артериска оксигенација. Уреден Доплер проток низ обете илијачни артерии, со параплегија на нозете поради која е спроведуван интензивен физикален третман. Пациентот е пуштен дома во добра општа состојба. На контролен невролошки преглед наод за флакцидна парапареза со парестезија на долни екстремитети со верифицирано значително подобрување на клиничката слика. Препорачано е МСКТ на крвни садови на долни екстремитети со наод за оклузија на левата заедничка илијачна артерија, поради дисекантен флеп поради што е индицирана периферна реваскуларизација на долни екстремитети. После соодветна подготовка направено е илијако-илијакално премостување од десно кон лево со васкуларна протеза. Започнати се постепени мобилизациски постапки со помош на патерици кои уредно ги толерира. Понатамошниот постоперативен тек е уреден.
Пациентка Р.С на 62-годишна возраст, мајка на претходно оперираниот пациент, применa за сложена реконструкција на аортна валвула и замена на асцендентна аорта. Субјективно се жали на болка во гради, гушење. Направена е МСКТ на торакална аорта по кардио протокол со наод за аневризма на синус Валсава и почетен дел на асцендентна аорта. Индициран сложен оперативен третман. После соодветна подготовка, направено е комплексна реконструкција на аортната валвула и супракоронарна замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза. Хемодинамиски и ритмички стабилна после излегување од сала, екстубирана, со уредна артериска оксигенација. Спроведена интензивна респираторна терапија и постепени мобилизациски постапки кои пациентката уредно ги толерира. Останатиот постоперативен тек уреден.