00389 2 3091 484
јуни 30, 2020
Што е дијареа?
Дијареата е многу чест проблем кај бебиња и деца. Обично има блага форма и кратка. „Акутна“ дијареа трае помалку од 1 недела и не подолгo од 14 дена.
Детето има дијареја ако има позабрзана перисталтика на дебелото црево од вообичаено и ако столиците се помалку формирани и повеќе водени. Понекогаш, децата со дијареа имаат други симптоми, како што се треска, губење на апетит, гадење, повраќање, болки во стомакот, грчеви и крв и / или слуз во столицата.
Дијареата може да биде опасна ако не се води правилно затоа што дава губиток на вода и соли од телото на детето. Ако овие течности не се надокнадат брзо, детето може да стане дехидрирано и можеби ќе треба да биде хоспитализирано.
Како се шири дијареата?
Бактериите/вирусите, кои предизвикуваат дијареа, се шират лесно од личност до личност, а особено од дете до дете. Обично се шират брзо кај мали деца, кои не научиле да го користат тоалетот.
Што предизвикува дијареа?
Постојат многу различни причини за дијареа. Најчести се вирусни инфекции.
Како можам да се спречи дијареа?
Правилното миење на рацете и безбедно ракување со храна се најдобри начини за да се спречи ширењето на бактериите кои предизвикуваат дијареја.
Што да се прави ако детето има дијареја?
Децата со дијареа треба да продолжат да пијат одредена количина на течности за да избегнат дехидрираност.
• Ако детето е на доење, се продолжува со слободно доење. Може да му се понуди на детето храна што обично ја јаде.
• Ако детето е на исхрана со млечна формула, не се разредуваат оброците со формулата. Се продолжува со исхрана со формула и му се нуди на детето храна што тој или таа ја јаде нормално.
• Ако детето не е на доење или се храни со млечна формула, почесто треба да се нуди со различни течности, покрај храната што ја јаде нормално.
• На која било возраст, ако детето не зема друг вид на течности, треба да се понуди со раствор за орална хидратација (ORS), покрај препораките за хранење.
Што е дехидрација?
Дехидрирањето е предизвикано од губење на течности во телото, кои се состојат од вода и соли. Кога децата имаат дијареа, тие можат да изгубат голема количина на соли и вода од нивните тела и многу брзо може да дехидрираат. Децата можат да дехидрираат уште побрзо ако повраќаат.Дехидрирањето може да биде многу опасно, особено за бебиња и мали деца.
Кои се знаците на дехидрација?
Во колку кај дететео се забележат знаци за дехидрирање, треба да се однесе на лекарски преглед. Знаци на дехидрираност вклучуваат:
• намалено мокрење (помалку од 4 влажни пелени за 24 часа кај новороденчиња и помалку од 3 влажни пелени за 24 часа кај постари деца)
• зголемена жед
• отсуство на солзи
• сува кожа, уста и јазик
• побрзо чукање на срцето
• потонати очи
• сивкаста кожа
• вовлечена голема фонтанела на главата на доенчето.
Здравите деца можат да плукаат, повраќаат или да имаат потечна столица еднаш во денот, без да бидат во опасност да бидат дехидрирани.
Што е раствор за орална рехидратација?
Орален раствор за рехидратација (ОРС) е мешавина од вода, соли и шеќер во одредени количини. Овие раствори може да се ресорбираат дури и кога детето има повеќе столици или повраќање.
Растворите за орална рехидратација може да се користат за:
• одржување на децата добро хидрирани, дури и кога имаат бројни столици.
• надополнување на изгубените течности кога децата покажуваат знаци на блага дехидрација.
Препарати за орална рехидратација се достапни во аптеките во готови форми за употреба. Најдобро е да купи ОРС што веќе е растворен.
За првите 4 часа орална рехидратација (за блага дехидрација)
-Бебиња под 6 месеци возраст од 30 до 90 мл секој час-Деца од 6 месеци до 2 години возраст од 90 до 125 мл секој час
-Над 2-годишна возраст најмалку 125 до 250 мл секој час. Ако детето одбива да го земе ОРС-от преку чаша или шише, растворот се дава со помош на капалка, шприц, мала лажичка.
Ако детето повраќа, треба да се престане со храна и други течности, но се продолжува да се дава ОРС со лажица.
• Се дава 15 ml (1 лажица ) на секои 10 -15 минути додека не престане повраќањето.
• Постепено се зголемува количината на ОРС додека се задоволат дневните потреби од течности
• Ако детето продолжува со повраќање подолго од 4 до 6 часа, неопходно е да се однесе во болница.
Од 4 часа до 24 часа: Фаза на обновување
• Се продолжува со давање на орален раствор за рехидратација сè додека дијареата не стане поретка.
• Редовната исхрана на детето продолжува, доколку нема повраќање.
• Кога повраќањето се намалува, важно е детето да се дои како што е вообичаено, да пие формула или полно млеко или да јаде редовна храна во мали, чести оброци.
Што треба да се избегнува да му се дава?
• Не се даваат шеќерни пијалоци како овошен сок или засладени овошни пијалоци, газирани пијалоци , засладен чај, супа или оризова вода. Тие немаат соодветни количини на вода, соли и шеќер и можат да ја влошат дијарејата кај детето.
• Ако детето има честа дијареа, треба да се провери дали пие раствор за орална рехидратација (не само обична вода) и каква храна јаде. Се препорачува храна со сложени јаглени хидрати, посно месо и овошје и зеленчук. Пиењето само вода може да доведе до ниско ниво на шеќер во крвта или ниско ниво на натриум во крвта на детето. Родителот треба да се консултира со матичниот лекар, пред да се дадат какви било лекови без рецепта за третман на дијареата.
Кога треба родителот да се јави на лекар?
Родителот треба да се јави на лекар или да побара медицински совет ако детето:
• има дијареја и има возраст помалку од 6 месеци.• има болки во стомакот кои се влошуваат.
• има крвави или црни столици.
• повраќа крв или жолчка.• одбива да пие.
• сè уште повраќа и не може да пие по 4 до 6 часа.
• има дијареја и треска.• има знаци на дехидрираност.
• Ако детето повраќа зелена жолчка, треба веднаш да се однесе во болница.
Дијарејата што трае повеќе од 1 до 2 недели не се смета за акутна дијареа. Тогаш треба да се разговара со матичниот лекар, за натамошни иследувања.
Прим. д-р Соња Петровска
Специјалист по педијатрија