00389 2 3091 484
октомври 14, 2021
Од сите начини на дијагностика со помош на рендгенски снимања, мамографијата е најспецифичната метода. Со помош на мамографијата се добиваат слики на кои што може да се видат убаво дури и убедливо најмалите детали, што не е случај со сите останати видови на снимања.
За да се открие ракот на дојката во најраната можна фаза, мамографските слики треба да бидат со извонреден технички и дијагностички квалитет.
Само на мамографска апаратура која што ги исполнува најстрогите меѓународни стандарди и на која што се прават редовни проверки за нејзина исправност, може да се добијат вакви слики со висок квалитет.
Притоа, важно е да се знае и дека радијационата доза која што ја добила дојката при мамографското снимање направено со ваква апаратура е пониска од некои други машини од овој тип..
Сепак постојат и случаи, кога дури и на сликите со најдобар квалитет, не е можно прецизно да се прикажат некои патолошки промени. Во тие случаи потребно е да се направи 3D мамографско снимање или таканаречена томосинтеза.
Позиционирањето на дојката и примената на правилна техника на снимање има пресудна важност за тоа дали на мамографската слика ќе се прикажат сите потребни детали за да може да се постави точна дијагноза. Секако ова зависи од искуството на лекарот или рендгенскиот техничар кој го изведува ова снимање.
Мамографските сликите се анализираат на специјални монитори кои што имаат резолуција поголема од 5 милиони пиксели. Условите на анализирање имаат голема улога во тоа дали радиологот ќе ги забележи или не и најмалите промени во дојките.
Затоа, во Клиничката болница Жан Митрев обезбедивме мамографска апаратура со врвни перформанси на која што покрај стандардна мамографија, може да се прави и 3D снимање на дојките.
Воведовме процедури со кои што постојано се следат перформансите и на опремата и на персоналот, кои што гарантираат квалитет според сите меѓународни стандарди.
Затоа што ние во Клиничката болница Жан Митрев го сакаме најдоброто за нашите пациенти.