00389 2 3091 484
јули 07,2021
Егземата е вообичаено нарушување на кожата што се манифестира како чешање на кожата и црвен осип. Таа е особено честа појава кај доенчиња и мали деца. Егземата најчесто се развива како резултат на алергиска реакција или дефект на имунолошкиот систем. Може да предизвика иритација и воспаление на кое било место од телото, но е особено раширено на лицето, внатрешноста на рацете и зад колената. Кај доенчиња со егзема, исто така и скалпот е често погоден.
Атопичен дерматитис е најчестата, хронична и тешка форма на егзема. Најчесто се јавува кај оние со други алергиски состојби, како што е астмата. Но се јавува и кај оние кои имаат членови на семејството со истите проблеми. Егземата не е заразна состојба, дури и при директен контакт од кожа на кожа.
Точната причина за појава на егзема е непозната, но утврдено е дека одредени супстанции или околности можат да предизвикаат симптоми кај лица подложни на ова заболување. Пациентите со егзема може да имаат негативни реакции на кожата на многу вообичаени производи за домаќинството, како што се сапуни, парфеми, лосиони или детергенти, како и на животински првут. Тие исто така може да развијат акутна егзема како резултат на инфекции на горните респираторни патишта. Во некои случаи, егзема може да се појави и од алергија на храна.
Иако егземата е доста честа кај новороденчињата, повеќето ја надминуваат на возраст од 2 години. За новороденчиња склони кон бурни реакции, најдобро е да се избегнува употреба на производи или ткаенини што можат да ја иритираат нивната кожа и да се избегнува хранење со храна што се чини дека предизвикува реакции. За возрасните, исто така, најдобриот третман за егзема може да биде превенција. Со избегнување предизвикувачи како груби ткаенини, екстремно топло или ладно, животински првут и одредени сапуни или детергенти, пациентите може да бидат во можност да ги контролираат нивните реакции. Иако стресот е честопати фактор што ја влошува состојбата, самата егзема, со својата непријатност и непријатен изглед, исто така може да биде причина за стрес.
Егземата обично се појавува како црвен осип на кожата и може да ги содржи следниве симптоми:
Наталожени корички
Меури кои пукаат
Сува или лушпеста кожа
Чешање
Обезбојувањето на кожата исто така може да биде симптом на егзема.
Егзема се дијагностицира од страна на лекар дерматовенеролог со физички преглед и консултација со пациентот. Важно е, покрај целосната историја на пациентот, лекарот кој го врши прегледот да земе целосна семејна историја. Бидејќи многу луѓе со егзема често имаат други алергии. Може да се индицира спроведување на тестови за алергија со цел да бидат идентификувани можните предизвикувачи.
Постојат неколку достапни третмани за ублажување на непријатноста кај егземата. Може да се препорачаат ладни облоги и препарати без рецепт за решавање на чешањето. Ако симптомите продолжат или станат потешки, може да се препише локална или системска терапија зависно од фазата во која пациентот се наоѓа вомомнтот. Важно е да се третираат симптомите на егзема, бидејќи состојбата го нарушува интегритетот на кожата, дозволувајќи им на бактериите да напаѓаат и да предизвикаат инфекција.
Третманот на егзема може да вклучува:
Доколку имате веќе дијагностицирана егзема или се симптоми кои укажуваат на оваа состојба, можете да закажете термин за преглед на 02/3091484