00389 2 3091 484
јуни 06,2018
На минатонеделниот курс организиран од Едукативен центар „Орто дента ЕС“ свое излагање имаше д-р Лидија Вељановска Кириџиевска од Zan Mitrev Clinic.
Таа како претставник на нашата клиника имаше предавање за Дијагностиката на дислокација на диск кај темпоромандибуларен зглоб со магнетна резонанца. Овој тип на снимање кое е многу ретко во регионот, се прави во Zan Mitrev Clinic, на одделот за радиодијагностика. Одржаниот курс беше и во знакот на континуираната соработката што нашата клиника ја има со Дентаестетик СтоматолошкатаПоликлиника со која ќе бидеме прва медицинска установа во државава која ќе ја развива МРдијагностиката во оваа област.
Курсот на тема „Темпоромандибуларна дисфункција на зглобовите“ опфати повеќе области, од ТМЗ заболувања, причина, потекло и дијагноза, со посебен фокус на точниот ефект врз патологијата на виличниот зглоб и положбата на забите, и неговото влијание во држењето на телото кај децата па се до развој на виличните зглобови и малоклузијата што доведуваат до патологија.
На курсот стана збор и за темите на ортодонтски третман кај деца, на целта и природата на splint-терапијата како и на електромиографија и баланс на лицева и вратна мускулатура.
Во делот на предавања со демонстрации и практични вежби беа опфатени темите „Дијагноза на патологија на ТМЗ“ како и Hands-on вежби и филозофија зад оваа терапија. Практично се работеше и на „Идеалната позиција на мандибулата и артикулација“ како ортодонтска дијагноза.
Настанот побуди голем интерес а дискусијата и прашањата кои произлегоа од него беа само доказ дека оваа проблематика е актуелна и за неа е потребна додатна дискусија и информирање за новите практики и методи не само за медицинскиот свет туку и за општата популација.