00389 2 3091 484
јули 19, 2021
Во време на брз живот, преполн работен распоред и бројни обврски дома, луѓето се помалку имаат време да посветат внимание на одржување на добро дигестивно здравје. А реалноста е дека доброто варење на храната е многу важно како за целокупната здравствена состојба така и за емотивниот статус.
Имајќи предвид дека истото зависи од видот и начинот на внесување храна, варењето се дефинира како правилно разложување на храната и пијалоците во мали честички наречени хранливи материи кои телото ги апсорбира и потоа ги користи како енергија.
Храна богата со маснотии, пијалоците со многу шеќер, високото ниво на стрес, прекумерната тежина, синдромот на нервозно дебело црево, нетолеранција на лактоза и карцином на дебелото црево, се најчестите причинители кои го загрозуваат здравјето на дигестивниот систем.
Во послeдно време, една од главните непријатности со кои се соочуваат мажите и жените се дигестивни проблеми кои често се манифестираат со надуеност. Стресот, вознемиреноста и долгото седење, исто така, придонесуваат во голема мера за усложнување на овие проблеми.
Разновидна исхрана богата со:
Сите овие горенаведени хранливи состојки ќе го стимулираат и ќе го зајакнат вашиот имунитетот
Секако многу е важно да не заборавиме дека постои блиска врска помеѓу мозокот и цревата. 95% од серотонинот, еден од најважните хормони-невротрансмитери во телото, се наоѓа во цревата. Овој нервен трансмитер преку нервниот систем им овозможува на желудникот и цревата информации согласно кои тие ќе се прилагодат на она што го јадеме, но исто така е и алармен систем кој не предупредува кога нешто ќе тргне наопаку.
Со подобрување на здравјето на дигестивниот систем, ќе се увериме дека е полесно да се намали телесната тежина на здрав начин и да се добијат долгорочни резултати, без потреба да се подложувате на строги диети.
Затоа слободно можеме да заклучиме дека доброто дигестивно здравје се претвора во позитивни емоции неопходни за малку посреќен живот.