00389 2 3091 484
јуни 06,2023
Обвинителот неточно ја изложува содржината од одобрението за користење на филтрите цитирајќи делови кои се однесуваат на дистрибутерите и продавачите на филтри, а не на докторите и клиниките, кои потоа неосновано му ги припишува на д-р Жан Митрев, кој не е дистрибутер на филтри за хемофилтрација. Ова го прави за да го оправда обвинението“, беше наведено во воведното обраќање од одбраната на д-р Жан Митрев на денешното рочиште.
Обраната со бројки образложи дека успешноста во лекување во ПЗУ Клиника Жан Митрев целосно го демантира обвинението. Смртноста во Клиника Жан Митрев заклучно со јули 2022 година изнесува 25,4%, додека во јавното здравство процентот на смртност изнесува 51,3%.
„Во Клиниката Жан Митрев КОВИД-19 пациентите се лекуваат во современ МЕДИЦИНСКИ СИСТЕМ за интензивна нега, единствен во регионот акредитиран од JCI (Joint Comission International) што значи дека ги исполнува највисоките стандарди за безбедност при лекувањето на пациентите и највисок стандард во превенција на интрахоспиталните инфекции, составен од 51 лекар, 86 среден медицински персонал и останати вработени, a не се лекувани лично од д-р Жан Митрев“, потенцираше одбраната во воведното обраќање.
ОЈО нема кредибилни докази со кои ќе го убеди судот надвор од разумно сомневање дека д-р Жан Митрев хемофилтрацијата ја применувал со намера да прибави противправна имотна корист, а таквата намера ја реализирал само кај 282 пациенти од вкупно 1738 лекувани од COVID-19 во клиниката, или 16% од вкупниот број лекувани. Доколку хемофилтрацијата д-р Жан Митрев ја употребувал со намера да ги измами пациентите за да прибави противправна имотна корист, тој би ги измамил сите 1738 пациенти кои веќе имале депонирано парични средства за хемофилтрација доколку биде потребно, а не би измамил само 16% од нив како што тврди обвинителството.
Во клиниката Жан Митрев од Ковид-19 биле лекувани вкупно 1738 пациенти и сите според препораките на производителот на филтрите и според препорачаните индикациони вредности.
Одбраната потсети на општествено одговорната и јавно корисна улога што ја одигра д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев во услови кога државното здравство од пандемијата со Ковид-19 беше на колена и пред колапс и кога во вонредна ситуација власта се извршуваше со Уредби со законска сила, говори и фактот што на 16.06.2020 година Клиниката Жан Митрев беше повикана од државата да лекува Ковид-19 пациенти. По тој повик медицинскиот тим на Жан Митрев од над 300 лица не вршеше измама туку деноноќно се бореше да спасува животи од Ковид-19 по барање на државата
Исто така одбраната го изнесе податокот дека државата на Клиниката Жан Митрев и го стави сопствениот апарат за хемофилтрација на располагање во екот на пандемијата за Клиниката да може на направи повеќе хемофилтрации, а сега го обвинува дека правел измама со вршењето на хемофилтрација.
„Со ова неосновано обвинение и овој процес, Македонија станува единствената држава во светот која што покренала судски процес против доктор и клиника кои лекувале во вонредна ситуација на Ковид-19, додека во САД се донесени Закони за имунитет на давателите на здравствени услуги поврзани со Ковид-19, потенцираше одбраната во воведното обраќање.
„Кардиохирургот Жан Митрев лично со свои раце има извршено 25 162 кардиохируршки и васкуларни операции што во една Германија е стандард за 5 работни века на кардиохирурзите, во својот ум единствено што смислува е како да спаси живот а не да измами пациенти“, потенцираше обраната на д-р Митрев.