00389 2 3091 484
декември 18, 2024
Ендометриозата се јавува приближно кај 10% од жените во репродуктивна возраст и таа бројка во светски рамки изнесува 190 милиони жени.
Тоа е хронична болест која најчесто се манифестира со силна болка за време на менструацијата, сексуалниот однос, при движења на дебелото црево и/или мокрење. Оваа болка сериозно влијае на секојдневниот животот бидејќи е хронична и предизвикува сериозна нелагодност во карличната зона, абдоминална надуеност, а понекогаш дури и депресија, анксиозност и неплодност.
Во моментов не постои познат лек за ендометриоза и третманот обично е насочен кон контролирање на симптомите, или лекување на неплодноста.
Ендометриозата е болест во која ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од матката во други делови на абдоменот. Тоа доведува до формирање на локално воспаление, ткиво со лузни или во народот познато како ,,чоколадни,, цисти. Ендометриозата може да започне дури и со првата менструација и да трае до самата менопауза.
Бидејќи причинителите се непознати, не е познат начин на кој би се спречила појавата.
Постојат неколку типови на лезии:
Ендометриозата често предизвикува болка во карлицата, особено за време на менструалните периоди. Кај некои пациентки за време на сексуални односи, при дефекација, при одредени движења и позиции на телото. Многу често овие пациентки имаат проблем да забременат.
Кај некои пациентки постои хронична карлична болка, тешко крварење за време на менструацијата или меѓу циклусите, што често доведува до депресија или анксиозност.
Симптомите често се подобруваат по менопаузата, но не секогаш. Но, симптомите на болеста можат да се третираат со лекови или, во некои случаи, со операција.
Терапијата може да варираа врз основа на тежината на симптомите и фактот дали треба да се оствари репродукција. Постојат различни опции.
Нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) и аналгетици (лекови против болки) како ибупрофен и напроксен често се користат за справување со болката.
Хормоналните лекови како аналози на GnRH и методите на контрацепција (контрола на раѓање) исто така можат да помогнат во контролата на болката.
Операцијата понекогаш се користи за отстранување на лезии на ендометриоза, адхезии и ткива на лузни. Лапароскопската хирургија (со користење на мала камера за визуелизација на внатрешноста на телото) овозможува преку мали засеци да се направи најдоброто за пациентката.
И секако доколку се работи за остварување на потомство , тогаш тераписките можности се насочени во тие цели.
Третманите се засноваат на индивидуални преференци со цел ефективност, ефикасност, избегнување на несакани последици, долгорочна безбедност, трошоци и достапност.
Разговарајте за вашите опции со д-р Ирена Андонова – специјалист гинеколог акушер. Закажете термин на 02/3091-484