Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

17.08.2022

Клиника Жан Митрев ги зајакна системските мерки за грижа и комуникација со пациентите

Клиничката болница Жан Митрев во своето дводецениско постоење секогаш работела според највисоките здравствени стандарди и соодветно регулативата од домашни и странски здравствени тела. Раководени од целите на современата медицина и врз етичките и моралните принципи, пациентот е секогаш во центарот на нашето внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите наши активности и во истата насока продолжуваме и понатаму.

Со цел да им се укаже на пациентите највисоко ниво на грижа и лекување, Клиника Жан Митрев има воспоставено Систем за грижа за пациентите. Дел од овој систем се доктор интензивист, психолог, одговорен доктор кој го води пациентот, како и претставници од администрација и од финансии по потреба.

Преку овој систем започнува процесот каде сите барања од пациентите се пријавуваат централизирано, барањата потоа се разгледуваат интерно, пациентите или членови од нивното блиско семејство се повикуваат да ги пополнат потребните документи, по што следи разговор со одговорниот д-р Емил Стоицовски.

Постоењето на овој систем за грижа за пациенти, иако во услови на Ковид-19 пандемија, помогна во Клиника Жан Митрев во континуитет да продолжат сите третмани и оперативни зафати на другите медицински оддели: кардио, ортопедија, гинекологија, урологија итн. Во Клиника Жан Митрев во текот на пандемијата во ниту еден момент не беше стопирана негата и третманот на пациенти и со други здравствени проблеми, покрај постоењето на коронавирусот.

Како одговор на последните случувања и со цел обезбедување што подобра нега за пациентите, Клиника Жан Митрев ги зајакна дополнително системските мерки за грижа и комуникација со пациентите. Со ова зајакнување направен е посебен тим за комуникација со пациентите и семејствата на пациентите кои биле третирани од КОВИД-19 инфекција. Составена е посебна група која ја зајакнува нашата служба и грижа за пациентот и по излегување од клиничката болница.
На овој начин секој пациент кој има потреба од дополнителен одговор ќе го добие во најкус можен рок, секој кој има потреба од дополнителна информација во врска со своето лекување ќе ја добие исто така во најкус можен рок.

Со овој систем за грижа за пациентите се предвидува:
Прилагодена грижа така што здравствените услуги се приспособени на секој пациент одделно затоа што секој пациент е различен и заслужува да се задоволат неговите различни потреби.
Континуирана информираност и едукација којашто обезбедува долгорочно лекување преку програмите за здравствена грижа не само за време на болничкото лекување туку и по напуштање на клиниката.

Споделување на внатрешни комуникации – окружување фокусирано на пациентот гарантира дека сите членови на здравствениот тим постојано се свесни за статусот, планот за нега и проблемите на пациентот. Исто така, пациентите секогаш се информирани и вклучени во процесот на донесување одлуки.

Социјална поддршка – семејствата и пријателите на пациентите се суштински дел од тимот за нега бидејќи може да ги поддржат пациентите емоционално, физички и психолошки.
Инклузивност за семејствата со што ги вклучуваме и семејствата да учествуваат во одлучувањето за здравствената нега и заштита.

Емоционална поддршка – со помош на психолозите обезбедуваме емоционална поддршка за пациентите, дури и во најтешките ситуации и за секој пациент одделно.
Поддршка за администрирање на лекарствата – бидејќи лековите може да имаат многу потенцијални контраиндикации и различно да влијаат на секој пациент, се овозможува дополнителна поддршка при администрирањето на лековите и алтернативни опции за употреба на други лекови.

Клиника Жан Митрев овозможува врвна нега и здравствена услуга за своите пациенти затоа што не постои ништо поважно од животот на пациентите и ние како клиника покажуваме посебно зајакната почит, благодарност, вклученост на семејствата во грижата и психо-емоционална поддршка како и адресирање на сите потреби на семејствата и пациентите.