Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

29.09.2022

Користи срце за секое срце

Денес, по повод денот на срцето ја поддржуваме иницијативата на НВО Здрава иднина со бесплатни прегледи кои ги изведуваат нашите кардиолози.
Овој месец како дел од активностите во Жан Митрев Клиника и во двата дијагностички центри Жан Митрев Дијагностик во Струмица и во Битола беа направени речиси 900 бесплатни кардио прегледи за нашите пациенти оперирани од срце.
Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот. Бројот на смртните исходи предизвикани од нив е поголем отколку од сите други причини заедно. А, најмногу ги погодува земјите со низок и среден приход.
Затоа од 2000 година Светската федерација за срце, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) го одреди овој ден со цел да се подигне свеста за кардиоваскуларните болести, нивната превенција, контрола и третман.
Секоја година, Светскиот ден на срцето се фокусира на една тема, а оваа 2022 година темата е преточена во слоганот – Користи срце за секое срце.
Промоторите на овој настан бараат од светот да ги искористат нивните срца на најдобар начин за човештвото, природата и за себе, за секој човек. Бидејќи кардиоваскуларното здравје е важно за секое срце кое чука.

Тука нема да запрат нашите активности. Во периодот кој следи, во соработка со неколку геријатриски установи ќе бидат овозможени вакви прегледи и за оваа ранлива категорија граѓани.