Kрводарителската акција организирана од страна на Blood Bank - TENK и клиничката болница Жан Митрев - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

13.08.2021

Kрводарителската акција организирана од страна на Blood Bank – TENK и клиничката болница Жан Митрев

Да си хуман значи да си човек

Дарувањето крв спасува животи

Во склоп на крводарителската акција организирана од страна на Blood Bank – TENK и клиничката болница Жан Митрев, триесеттина вработени вклучително и самиот д-р Жан Митрев, направија место во своите полни работни распореди и даруваа крв која ќе спаси животи.

Оваа акција е прва од ваков тип, но истата благодарение на потпишаниот меморандум за соработка ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува 2 пати годишно.