Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

12.08.2021

Летниот камп за деца со вродени срцеви мани МОЕТО СРЦЕ ги исполни нашите срца!

И оваа година 13 пат по ред, во периодот од 3 до 9 август во Струга, беше реализиран летен камп наменет за деца со вродени срцеви мани. Како проект овој камп во организација на клиничката болница ЖАН МИТРЕВ во соработка со Црвениот Крст на град Скопје е веќе традиционален.
Психолошкиот тим, во состав доц. д-р Kristina Egumenovska и психологот @Марија Аџиоска од клиниката како главни организатори, заедно со нашите доктори специјалисти како редовни гости беа присутни организирајќи соодветни активности во насока на поддршка на децата.
А годинава се приклучија и нашиот педијатар прим. д-р Blagica Manceva и детскиот кардиолог д-р Milev Ivan, кои со задоволство и несебично одговараа на сите прашања и дилеми кои ги споделуваа и таму присутните родители. Тие исто така имаа можност да размислуваат и на развојни теми на едукативните работилници организирани од психолошкиот тим.
Преку насочена и едукативна игра, децата уживаа една недела во дружењето, трчањето, глумата, натпреварувањето, смеата и гушкањето. Имаа низа физички и фитнес активности стручно водени од физиотерапевтот Блаже Арсов, а еднакво уживаа и во останатите забавни активности кои за нив беспрекорно ги реализираа волонтерите од Црвениот Крст на град Скопје водени од координаторот за млади Ана Франциќ. Добија и специјално изненадување од Светот на Биби и сказни од Рисот Ристе и пријателите од Весна Константинова. Имаше и понекоја солз при разделбите, но сепак со надеж дека ќе се сретнеме и следната година да учиме и да се забавуваме слободно трчајќи на тревниците, неуморно бркајќи се и доживувајќи цел спектар на емоции без страв дека тие ќе нѐ преплават.
Ве сакаме дечиња и учиме од сите вас!