Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

04.12.2019

Медицински тим на Zan Mitrev Clinic се грижеше за здравјето на спортистите на Специјалната Олимпијада

Zan Mitrev Clinic и годинава ја поддржа Специјалната Олимпијада со која се одбележа европската кошаркарска недела со настан кој ја поттикнува свеста кај граѓаните за што поголема инклузија на лицата со попреченост. Наш медицински тим се грижеше за здравјето на над 100 атлети кои учествуваа на ова спортско дружење.

Во
 спортската сала „Кале“,  Специјалната Олимпијада, КФСМ и „3х3 Македонија“ одржаа турнир помеѓу екипи кои играа „unified 3х3“- баскет. Партнери на екипите беа кошаркари и кошаркарки кои долго време соработуваат со Специјалната Олимпијада, најдобриот македонски „баскетџија“ Ервин Цого, еден од најдобрите европски „баскетџии“ Данило Мијатовиќ, а посебен партнер на една среќна екипа беше претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Воедно, во рамки на оваа недела на европската кошарка се одбележа и меѓународниот ден за лица со попреченост, 3. декември.​

Ди џеј на овој настан беше 
DJ Дино кој боледувва од Вилијамсов синдром, а негови помошници беа Ди Џеј Гоце Саф од Funky Fresh и Double G од Скопски Грув.

– Голема благодарност до вас, Клиничка болница “Жан Митрев”, средното училиште „Нова“, волонтерите и партнерите кои несебично и овој пат ни пруживте голема поддршка за реализирање на овој голем настан – изјавија од Специјалната Олимпијада.