Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

12.10.2021

Одржан симпозиум на тема ,,Иновации во торакалната хирургија,,

На почетокот на месец октомври во соработка со Еразмус МЦ се одржа симпозиум на тема ,,Иновации во торакалната хирургија,,.

Гостите предавачи од Универзитетскиот медицински центар од Ротердам-Холандија д-р Едриз Махтаб, д-р Лекс Мат и д-р Амир-Хосеин Садеги презентираа корисни и иновативни методи и технологии на теми поврзани со торакалната хирургија.

Беа дискутирани торакални онколошки зафати со фокус на дијагностика, предоперативно планирање и ресекција на тумор на белите дробови во рана фаза со помош на виртуелна реалност и вештачка интелигенција. Исто така стана збор и за кардиопулмонарна реанимација по кардиохируршки зафати и предавање за употреба на виртуелна реалност со практична обука за симулација.

Академик д-р Жан Митрев зборуваше на тема Развивање на кардиооторакалната хирургија во земјата, со посебен осврт на неокуспидација на аортна валвула. Особено внимание кај големиот број присутни предизвикаа демонстрациите изведени во живо за употребата на виртуелната реалност во предоперативно планирање и реанимација пост-стернотомија.

Секако голема благодарност за организацијата до колегата Родни Росалија, и модераторите д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Никола Христов, д-р Дијана Попевски и д-р Андреа Арсовски кој беше гостин модератор.