Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

16.03.2022

Статуетка за Ulthera од редакцијата на Убавина и здравје

На овогодинешниот избор Beauty Awards во организација на магазинот Убавина и здравје, учествуваа голем број козметички производи и апарати кои се во функција на убавината. Поделени во неколку категории: парфеми и шминка; нега на лицето; коса и тело и професионалци, беа одбрани ѕвездите, секоја во својата категорија.
Во категоријата професионалци, токму апаратот Ултера беше избран за ѕвезда. Само како потсетување, станува збор за апарат кој од неодамна е во понудата на центарот за естетска дерматологија при Жан Митрев клиниката. Со него се изведуваат светски познатите третмани за нехируршки лифтинг на лице-Ultherapy.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера во ресторан барот Венеција. Статуетката ја подигна д-р Александра Лазаревска како претставник на тимот дерматолози од нашата клиника.