Закажете преглед

Закажи преглед

Домашна посета

Почитувани,

Zan Mitrev Clinic воведува нова услуга- ДОМАШНА ПОСЕТА со преглед од кардиолог, за сите пациенти кои поради пандемијата не можат да дојдат во нашата клиника, а имаат кардиоваскуларни заболувања.

Закажете термин за домашна посета во период од 07 до 20 часот секој работен ден, а за викенд од 07 до 15 часот, преку телефонскиот број:  02/3091 484 или преку електронската пошта: infosalter@zmc.mk.

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

25.02.2020

Zan Mitrev Clinic на меѓународна конференција за медицински туризам во Атина

Во Атина од 12 до 14 февруари се одржа меѓународна конференција и работилница за медицински туризам. На конференцијата нашата клиника беше претставена со своите претставници, Викторија Дојчиновска раководител на администрација и д-р Елена Амбаркова Виларова медицински директор.

Настанот беше одлично организиран од страна на компанијата EUROEVENTS на глобално ниво со бројни гости од оваа индустрија. На работилницата беа одржани повеќе средби и состаноци со професионалци кои се занимаваат со медицински туризам.  Претставници од Грција, Белгија, Германија, Кипар, Египет, Италија, Романија, Русија, Украина, Хрватска, Израел, Индија, Малезија, Шведска, Швајцарија, Англија, Турција, Обединети Арапски Емирати, Америка добиа повеќе информации за Zan Mitrev Clinic и можностите кои ги нуди во насока на развивање на медицинскиот туризам во иднина.

 

Агендата на конференцијата беше распоредена во два дена со усни презентации и еден ден работилница B2B (business to business). Се зборуваше за теми поврзани со улогата на јавната политика во унапредувањето на индустријата за медицински туризам како и за безбедност на пациентите како приоритет на давателите на здравствена нега. Исто така се разговараше и за филозофијата на делување наречена „Пациентот на прво место- од филозофија до пракса“ што всушност е правило на делување на нашата клиника од почетокот на своето постоење.

Новите маркетинг пристапи за добивање на нови пациенти како и дигитална комуникација и маркетинг на искуството на клиентот во здравството исто така добиа значајно внимание на конференцијата.

 

На средбите беше потенцирано дека медицинскиот туризам или медицинско патување, глобална здравствена грижа, е процес во кој пациентите патуваат во друг регион или земја за медицинска или здравствена услуга. Се повеќе луѓе ширум светот ги заобиколуваат нивните локални даватели на медицински  услуги и одбираат да патуваат илјадници километри за здравствена нега. Тоа го прават од неколку причини:

 

–        За подобар квалитет (пациентите бараат искусни лекари и објекти, како и врвна медицинска технологија)

–        За заштеда (бараат опции за помалку скапа медицинска нега)

–        брз пристап (сакаат брзо закажување на третмани и прегледи, организирано патување и престој)

–        достапност (процедури кои не се извршуваат во нивната земја)