00389 2 3091 484
јануари 30, 2020
Во последниве денови до сите нас стигнаа информациите за неодамнешните случаи на пневмонија предизвиканa од нов вид на betacoronavirus, новиот 2019 coronavirus (2019-nCoV) најпрво откриен во Вухан (Кина).
Во првичното испитување на 41 пациент примени до 3 јануари 2020, како чести симптоми во почетната фаза на инфекцијата биле забележани фебрилност (зголемена телесна температура и треска), кашлица, мијалгија (болка во мускули) и замор, а симптоми кои поретко се манифестирале биле лачење на спутум, главоболка, хемоптиза (искашлување на крв) и дијареа. До осмиот ден по заразувањето, кај половина од пациентите се појавила и диспнеа (недостаток на здив), а околу 60% од пациентите имале и лимфопенија (ниска концентрација на лимфоцити). Кај сите пациенти болеста се манифестирала со пневмонија и промени во снимките на градниот кош. Како последица на инфекцијата може да се појават и компликации какошто се акутен респираторен дистрес синдром (анг. acute respiratory distress syndrome, ARDS), RNAaemia (слично на viraemia – позитивен PCR наод во плазма), акутен инфаркт, како и секундарни инфекции.
Коронавирусите се инаку инкапсулирани несегментирани РНК вируси со позитивна нишка кои припаѓаат на фамилијата Coronaviridae и инфицираат луѓе и други цицачи. Повеќето видови на човечки коронавируси меѓу кои и нам познатите (hCoV-229E, OC43, NL63 и HKU1) предизвикуваат благи респираторни заболувања, а истите ги детектираме во нашата лабораторија во склоп на панелот за 33 респираторни патогени. Досега познати фатални видови на коронавируси во последните две децении се Severe Acute Respiratory Syndrome Coronavirus (SARS-CoV) и Middle East Respiratory Syndrome Coronavirus (MERS-CoV) причинители на преку 10000 случаи, од кои 10% завршиле фатално. Овие коронавируси најпрвин причинувале инфекции кај лилјаци, но подоцна измутирале и почнале да инфицираат и луѓе користејќи го човечкиот ACE2 рецептор за транмисија. Човек-човек трансмисијата на овие два вида се случува преку аеросоли (капки), директен допир и допир на површини заразени со вирусот, такашто трансмисијата на 2019-nCoV веројатно е слична. Новиот коронавирус 2019-nCoV е различен од досегашниве познати видови на коронавируси и за првпат е изолиран во декември 2019 година во Вухан, Кина. Истиот е идентификуван со напредна генерација на секвенционирање (анг. Next Generation Sequencing, NGS) и е анализиран со длабока покриеност (deep-sequencing analysis).
Здравствените работници се се повеќе изложени на евентуална инфекција со вирусот, па за нив и се препорачуваат дополнителни превентивни мерки, како носење на маски со N95 филтер и дополнителна опрема за лична заштита.
Ова се настаните поврзани со појавата на вирусот, хронолошки подредени и објавени од страна на Светската Здравствена Организиција (СЗО):
Препораките за лична заштита од инфекција со новиот 2019-nCoV коронавирус се следниве:
Извори:
https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/advice-for-public