00389 2 3091 484
април 21, 2018
Zan Mitrev Clinic се придружи кон одбележувањето на Европската недела на имунизација што годинава се одбележува по 13 пат. Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“ доктор Жан Митрев со останати претставници на нашата клиника дадоа поддршка на акцијата која започна со хепенинг во Градскиот парк во Скопје.
На забавно-едукативниот настан учество зедоа и претставници на Министерството за здравство предводени од министерот Венко Филипче. На настанот учествуваа деца од повеќе градинки и училишта од Скопје, деца од хорот „Златно славејче“ и анимирани ликови. Одбележувањето на Европската недела на имунизација ќе се спроведува во периодот од 23 до 29 април.
Придобивките од вакцинирањето на глобално ниво се огромни. Како резултат на оваа превентивна мерка, се спасуваат повеќе од 2 до 3 милиони животи годишно низ целиот свет. Бројката би била уште поголема доколку повеќе болести би биле покриени и превенирани со вакцини. Благодарение на вакцинацијата, огромни се и финансиските заштеди во здравството, подобрен е квалитетот на животот на поединците.