00389 2 3091 484
ноември 18, 2020
18 Ноември се одбележува како европски ден на рационална употреба на антибиотици со цел е да се сврти внимание кон фактот дека сите ние мораме да се вклучиме во одговорно користење на овие лекови како би ја зачувале нивната делотворност и за следните генарции!
Во пошироки рамки седмицата од 14 до 20 ноември се одбележува како Светска недела за подигање на свесноста за рационална употреба на антибиотици и е насочена кон актуелизација и креирање свесност за проблемот со антибиотската резистенција, со посебен акцент на фактот дека не може да се очекува успех во контрола на резистенцијата доколку нема заеднички акции.
Во време на КОВИД-19 пандемија, нерационалната употреба на антибиотици значи нивна крајна злоупотреба за што последиците ќе бидат далекусежни. За жал периодот кој следува се предвидува да биде одбелажан како постантибиотска ера.
Што се антимикробни средства?
Антимикробни средства се медицински производи кои ги убиваат или го спречуваат растот на живите микроорганизми.
Што претставува антимикробната резистенција?
Тоа е отпорност на еден или неколку антимикробни средства применливи за терапија или профилакса. Станува збор за особина која може да се појави кај микроорганизмите.
За бактериите, антибиотската резистенција значи способност на бактеријата да се спротистави на дејството на антибиотикот:
Кои се последиците од резистенцијата?
Ќе влеземе во постантибиотска ера, што значи антибиотиците ќе ја изгубат делотворноста и инфекциите ќе бидат повторно причина за висока смртност.
Што може секој од нас да направи?
Антибиотиците се единствените лекови кои предизвикуваат не само индивидуална, туку и глобална штета!
ФАКТ 1. Антибиотската резистенција е сериозен општествен проблем со растечка тенденција за во Европа.
Појавата, ширењето и селектирањето на антибиотик-резистентните бактерии е закана за безбедноста на пациентите во болниците.
ФАКТ 2. Злоупотребата на антибиотици во болниците е еден од факторите кои ја носат антибиотската резистенција
Голема е веројатноста дека пациент кој што е хоспитализиран ќе прима антибиотици и 50% од тие антибиотици се непотребно дадени. Злоупотребата на антибиотици во болниците е главен фактор – носител на развој на резистенцијата.
ФАКТ 3. Бенефит од внимателна употреба на антибиотици
Внимателна употреба на антибиотици превенира појава на антибиотик резистентни бактерии, како и намалувањето на употребата на антибиотици е пропорционално на намалена инциденца на инфекции со Clostridium difficile.
ФАКТ 4. Добра стратегија доведува до разумна употреба на антибиотици:
Добра стратегија ќе допринесе за подобрување на праксата на препишување на антибиотици и намалување на антибиотска резистенција во болниците.