Европски конгрес на здружението на дипломирани инженери по медицинска радиологија – Сараево

Дневна доза здравје

јули 9, 2014

Европски конгрес на здружението на дипломирани инженери по медицинска радиологија – Сараево, Босна и Херцеговина

Во периодот од 06-ти до 08-ти јуни 2014 година, се одржа Европски конгрес на здружението на дипломирани инженери по медицинска радиологија во Сараево, Босна и Херцеговина.На овој конгрес, беа презентирани теми од областа и работата на радиолошкиот технолог (едукација на радиолошкиот технолог – неговите можности и перспективи), односно беа разгледани новите аналитички трендови во радиолошката дијагностика и апаратура, радиолошките контрастни методи, како и радиолошките испитувања на уринарниот систем, радиолошките аспекти во патологијата во гинекологија, потоа компјутерската томографија и магнетната резонанца, класичната ангиографија, радиолошката апаратура и нејзиното користење, радиографскиот процес, а воедно и менаџментот во радиологијата. Исто така, беа спроведени и работилници за истражување, практика базирана на докази и како да се пишува за публикации.

На конгресот беа презентирани орални стручни предавања, од страна на поканетите говорници. Радиолошките технолози Дарко Стојаноски и Александар Арсовски од Специјалната Болница ”Филип Втори” присуствувaa на овој конгрес и имаа презентации на тема “МСКТ ангиографија на крвни садови на глава и врат” и “64 слојна компјутерска томографија на периферни крвни садови”.Конгресот беше одлична можност да се согледа работата и сподели искуството на нашите колеги од европските, пред се́ од балканските држави.