00389 2 3091 484
јануари 8, 2022
Фибромијалгијата е нарушување кое се карактеризира со хронична мускулно-скелетна болка придружена со сериозен замор и проблеми со спиењето, меморијата и расположението, како и намалена зглобна подвижност. Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Научниците веруваат дека фибромијалгијата ги засилува чувствата на болка, бидејќи всушност влијае на тоа како мозокот и ‘рбетниот мозок ги обработуваат сигналите за болка.
Симптомите често започнуваат по физичка траума, операција, инфекција или значителен психолошки стрес. Во други случаи, симптомите се развиваат постепено со текот на времето, без да има предизвикувачки настан.
Жените развиваат фибромијалгија почесто од мажите. Многу луѓе со фибромијалгија, исто така, имаат главоболки од напнатост, нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб, синдром на нервозно дебело црево, вознемиреност и депресија.
Иако фибромијалгија не се лечи, постојат лекови кои можат да помогнат во контролата на симптомите, но исто така, вежбањето, релаксацијата и мерките за намалување на стресот можат да помогнат.
Главните симптоми на фибромијалгија вклучуваат:
Фибромијалгијата е често придружена со други состојби, како што се:
Многу истражувачи веруваат дека повторената стимулација на нервите предизвикува промени во мозокот и ‘рбетниот мозок кај луѓето со фибромијалгија. Оваа промена е поврзана со абнормално зголемување на нивото на одредени хемикалии во мозокот што пренесуваат сигнали за болка.
Понатаму, се чини дека рецепторите за болка во мозокот развиваат еден вид меморија на болка и стануваат почувствителни, што значи дека тие можат да реагираат непропорционално на сигналите за болка.
Постојат многу можни фактори кои доведуваат до овие промени, вклучувајќи:
Болката, заморот и слабиот квалитет на спиењето поврзани со фибромијалгија може да влијаат на вашата способност да функционирате дома или на работа. Фрустрацијата од справување со болест која честопати е погрешно разбрана, исто така, може да предизвика депресија и анксиозност поврзана со здравјето.