00389 2 3091 484
февруари 02,2012
Филип Втори со Илина и Илија се искачи на врвот на светот
Врвовите на Хималаи не се доволно високи колку што е моќна човечката волја и желбата на двајца млади луѓе да ги надминат ограничувањата и да се искачат на врвот на светот. Илина и Илија се двајцата Македонци кои на 18.11.2011 година се искачија на врвот Ама Даблам, висок 6856 метри кој се наоѓа во реонот Кумбу на Хималајскиот масив. Врвот Ама Даблам е понизок од Монт Еверест, но според тежината на искачување е за три скали покомплициран.Нашата секојдневна борба за животот ја поистоветивме со нивната борба против екстремните временски услови и природа, затоа го поддржавме нивното патување во освојувањето на Хималаите. Нивниот пат кон врвот Ама Даблам симболично е наш секојдневен пат до здравјето на секој еден човек. Затоа Филип Втори го помогна овој храбар предизвик на Илина и Илија.И уште, затоа што веруваме во моќта на волјата, веруваме дека човек може да ги надмине своите очекувања и затоа што мотото на Филип Втори е вечна борба, се гордееме со успехот на Илина и Илија, двајцата млади Македонци кои се фатија во костец со екстремни временски услови и природните закони. Затоа сакаме Илина и Илија да бидат пример за сечија индивидуална борба.Илина и Илија се хероите на Филип Втори, нека бидат и ваши херои.