00389 2 3091 484
мај 7, 2016
Во пресрет на престижниот спортски настан традиционалниот „ Скопски маратон 2016 “ , на дел од маратонците им беа направени комплетни здравствено контроли во Специјалната болница „Филип Втори “. Академик д-р Жан Митрев покрај постојаната помош која им ја дава на болните , со својот став за здравиот начин на живот никогаш не ги заборавил спортистите професионалци, но и рекреативците .
„ Според резултатите од кардиоваскуларните прегледи кои вклучуваа ЕХО, ЕКГ како и стрест тест, маратонците покажаа дека се подготвени да ја истрчаат патеката која бара добра кондициона подготовка заради должината на истата. Учесниците на маратонот кои денес ги прегледавме се луѓе кои внимаваат на своето здравје преку практикување на секојдневната физичка активност и здравиот начин на живот, без оглед на нивната возраст. Во тој правец треба да размислуваме сите“. Ова го изјави д-р Планинка Зафирова специјалист интернист која беше ангажирана околу прегледите. Иницијативата и изборот на овие маратонци е од страна на агенцијата „ КМГ Спорт“ и брендот „Бауерфаинд“, според најсилната мотивациска приказна која тие ја раскажаа како причина за учество на утрешниот маратон.
„Филип Втори“ како општествено одговорна компанија ( за што минатата година доби и признание од Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија) континуирано дава свој придонес во промоција и примена на здравиот начин на живот кој треба да биде императив за целата нација. Скопскиот маратон е од меѓународен карактер и е во организација на Сојузот на спортови на град Скопје. Од 2008 година патеката по која се трча има сертификат од Асоцијацијата за маратони и улучни трки со што се признаваат сите резултати и рекорди. Се оранизираат неколку трки во кои се вклучени учесници од различни генерации. Тимот на д-р Жан Митрев им посакува среќа на сите учесницина на оваа најмасовна спортска манифестација во Р. Македонија.